за

Во чест на традицијата: Porsche 911 Targa 4S во стил на 1950-те

Porsche 911 Targa Heritage Design Edition
Porsche 911 Targa Heritage Design Edition

Кој уште би одолеал на тоа: Актуелен Porsche 911 со стилски елементи од 1950-те години. Оваа посебна моделска изведба заслужува долга најава“, со целосното име Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition.

Станува збор за првата од вкупно четири колекционерски изведби, кои се замислени како дел од таканаречената стратегија на историски дизајни. Идејата е во тоа што во надворешноста и во внатрешноста на актуелниот Porsche 911 од генерацијата 992 се применети стилски елементи од моделите на Porsche во 1950-те и почетокот на 1960-те години. Дополнителна вредност на овој крајно ексклузивен автомобил му дава тоа што стилските елементи се изработени со најмодерна технологија во ексклузивната мануфактура на Porsche.

Оваа моделска изведба може да се нарача веднаш, а испораката ќе започне наесен. Серијата ќе биде ограничена на 992 примероци, верно на генерациската ознака на актуелниот Porsche 911. Некои од стилските елементи што се дел од оваа специјална серија ќе бидат достапни и како пакет „Heritage Design“ за стандардната моделска понуда во гамата на Porsche 911. Сопствениците на колекционерскиот модел ќе добијат и часовник од Porsche Design, кој исто така е изработен во лимитирана серија.

Оливер Блуме, директор на Porsche AG: „Со моделите Heritage Design побудуваме сеќавања на 50-те, 60-те, 70-те и 80-те години кај клиентите и фановите. Не постои марка што може овие елементи да ги пренесе толку верно во модерното време, како што тоа го може Porsche.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Не е кабриолет и не е купе, туку е Porsche 911 Targa

Porsche 911 Targa 992

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota стана спонзор на електронското WRC

Дизајнерка на Daimler со нов ангажман во Volvo Клаудија Браун

Дизајнерка на Daimler доби нов ангажман во Volvo