139
19 shares, 139 points

Во Автомобилскиот Град или „Аутоштат“, како што се нарекува забавниот центар на концернот Volkswagen во Волфсбург, се појави посебна изведба на Porsche 919 RSR. Овој модел на Porsche со 510 КС обично привлекува внимание со боите во коишто се појавува на трка. Новиот модел во Автомобилскиот Град не располага со толку КС, но затоа е изработен од 350.000 лего коцки.

Porsche 911 RSR е изработен буквално на половина од најпопуларните креативни коцки во светот. Останатата половина ја сочинува оригиналната каросерија, изработена од алуминиум и челик. Во овој необичен автомобил се вложени повеќе од 1.000 часови работа. Овој Porsche, половина коцка – половина метал, привлече многу внимание уште за време на 24 часа Нирбургринг.

Необичниот автомобил ги наведува посетителите на креативност. Деца се натпреваруваат во рок од еден да изработат тркачки автомобил според сопствена замисла и да го именуваат истиот. Главната награда е лего-комплет на Porsche GT 3 RS во размер 1:8. Натпревари се одржуваат двапати неделно, до крајот на август.

Порше Македонија пред неколку месеци исто така имаше организирано настан во којшто дечиња се запознаваа со предизвиците на техниката и со автомобилите воопшто.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *