146
20 shares, 146 points

По седумте години на актуелниот модел и големото освежување пред три години, Porsche 911 ќе се појави во нова генерација кон крајот на летото. Во култниот спортски модел за првпат ќе се вградува хибриден погон, и тоа во две моделски верзии

Новата генерација на Porsche 911 се очекува кон крајот на летото. Осмото поколение на култниот автомобил од Цуфенхаузен пристига со комплетно нова платформа, којашто ќе ја користат спортските модели во концернот. Платформата овозможува поголема слобода за вградување на различни погонски единици, како и поголема флексибилност во подвозјето.

Освен Porsche 911, платформата ќе ја користат и следната генерација на Audi R8 и наследникот на Lamborghini Aventador

За првпат во спортскиот автомобил ќе се вградува и хибриден погон. По примерот на Panamera, веројатно ќе се нудат две моделски изведби со плагин хибриден погон. Едната верзија ќе биде позиционирана над Porsche 911 Carrera и ќе ја користи техниката од Panamera 4 E-Hybrid.

porsche 911 osma generacija 3

Втората изведба со хибриден погон ќе биде топ-модел во гамата на „единаесетката“, исто како што е Turbo S E-Hybrid во гамата на Panamera. Најголем предизвик за инженерите на Porsche беше изнаоѓањето простор за сместување на батеријата за плагин-хибридниот погон, како и проблемот со дополнителната тежина.

Погонската спрега во целина се поместува поблиску до средината на возилото. Во Porsche 911 Carrera ќе се вградува трилитарскиот боксер со турбонатполнење и моќност од преку 400 КС, во споредба со 370 КС кај актуелниот модел. Во верзијата Carrera S ќе следуваат 450 КС (моментно 420 КС). Турбо-четирицилиндарците од Porsche 718 нема да проработат во опашот на „911“.

Верзиите GT ќе останат без атмосферските мотори, верзии со мануелен менувач нема да се нудат повеќе во Porsche 911

Од малкуте шпионски фотографии од внатрешноста се распознава нов дизајн на воланот, со смален средишен круг. Традиционално големиот бројач на вртежи го задржува централното место во кокпитот, но тој ќе биде и единствениот аналоген инструмент во новиот Porsche 911. Околу него има дигитални дисплеи, во иста рамнина. Електрониката доаѓа од концернот, односно од Audi.

porsche 911 osma generacija 1
Фотографијата се појави кусо на инстаграм и оригиналната објава веднаш беше избришана, но светот го виде конечниот изглед на опашот на новиот Porsche 911

Освен пошироката трага на предната и задната оска, нема големи промени во димензиите. Ширината на каросеријата ќе порасне за само неколку милиметри, додека должината ќе се зголеми за два сантиметри, на 4,54 метри. Поради големиот обем од системи за асистенција и комфорна опрема, тежината на новиот Porsche 911 нема да се намали, туку ќе се зголеми незначително.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
20 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730