152
20 shares, 152 points

Шефот Оливер Блуме најави дека во Porsche 911 ќе проработи хибриден погон и таа моделска изведба ќе биде најсилна во гамата на спортската икона.

При премиерата во почетокот на месецов, Porsche 911 Turbo S со своите 650 КС, беше претставен како најсилна моделска изведба од актуелната генерација 992 на спортскиот модел. Но, Цуфенхаузен има уште поамбициозни планови за својот иконски модел. Шефот Оливер Блуме, во интервју за британскиот магазин Autocar, најави дека Porsche ќе лансира нова моделска изведба 911 Hybrid. Блуме уште не открива детали околу моделот, туку начелно наведува дека тој ќе располага со многу висока моќност.

Засега постојат само претпоставки околу погонската конфигурација, односно околу моторот што ќе се користи во хибридниот погон. Кај спортската лимузина Porsche Panamera веќе е реалност, хибридниот погон да работи во врвната моделска изведба. Panamera Turbo S EHybrid располага со системски 680 КС, но за разлика од 911, моторот не е назад и не е боксер, туку е напред и има V8-конфигурација.

Posche 911 е темелот на марката, затоа последен добива хибриден погон во топ-моделот, што веќе е случај кај Panamera и Cayenne

Ист е случајот кај СУВ-моделот Cayenne, чијашто топ-изведба е Turbo S EHybrid со 680 КС и со спринт од место до темпо сто за 3,8 секунди. Батеријата има капацитет од 14,1 kWh, што дозволува досег на големиот автомобил до 32 km, со погон само на струја.

Porsche 911 Turbo S
Porsche 911 Turbo S

Сосем е јасно дека за Porsche 911 ќе се користи друга варијанта, во којашто веројатно ќе биде вклучен шестцилиндарскиот турбо-боксер од 3,8 литри. За моќноста, реално е да се очекуваат далеку над 700 КС. До пристигањето на моделот сепак ќе мине уште извесно време. Porsche 911 Hybrid ќе стартува со продажба најрано во 2022 година.

Потсеќање на едно убаво возење, кога дружењето уште беше нормална работа >>>

Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
20 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *