138
20 shares, 138 points

Porsche постави уште еден рекорд за сериски автомобили на Северниот Јазол на Нирбургринг. Фабричкиот возач Кевин Естре ја извозе патеката со Porsche 911 GT3 RS за 6:56,4 минути. Тоа е за 24 секунди побрзо отколку претходниот GT3. По 918 Spyder и 911 GT2 RS, ова е трет сериски автомобил на Porsche што ја вози најтешката тркачка патека во светот за помалку од седум минути.

Успехот на GT3 RS не треба да изненадува, затоа што не постои друг сериски модел на Porsche што е толку блиску до мотоспортот. Голем дел од иновациите потекнуваат од тркачкиот 911 GT3 R.

Паралелно со Французинот возеше и Ларс Керн, човекот чијшто оцени за возните својства се решавачки при развојот на новите модели на Porsche. Двајцата возачи извозеа по четири кругови и сите беа под седум минути. Разликата меѓу нив беше само неколку десетинки.

Естре: „Porsche 911 GT3 RS е неверојатно блиску до нашиот тркачки GT3 R“

Естре говори за рекордното возење: „GT3 RS е неверојатно блиску до нашиот тркачки GT3 R, особено во брзите свијоци и при сопирањето. Дел од тоа се должи и на новата генерација профилирани спортски пневматици Michelin Pilot Sport Cup 2 R. Многу ми се допаѓа и моторот на GT3 RS. Фантастично е чувството кога шестцилиндарецот ќе заврти до 9.000 вртежи во минута.“ Кевин Естре е фабрички возач од 2016 година и вози Porsche 911 RSR во Шампионатот во издржливост, вклучувајќи го 24 часа Леман, како и 911 GT3 R во ГТ-шампионатот на АДАК.

Новата генерација на 911 GT3 RS имаше светска премиера на салонот во Женева, со четирилитарски атмосферски мотор со 520 КС и со тркачко подвозје. Спортскиот автомобил спринтува до сто за 3,2 секунди и постигнува 312 km/h. Цената во Германија изнесува 195.137 евра.

Porsche најмногу продава теренци, Америка најголем пазар

Секое четврто Porsche во 2025 ќе биде на струја или хибрид

Швајцарец е заслужен за првите нарачки од Porsche пред 70 години

Porsche вложува шест милијарди евра во електрични автомобили

Porsche 911 GT3 за дванаесет секунди побрз на Нирбургринг

Mercedes-AMG GT R извозе нов рекорд на Нирбургринг

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
20 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *