за

Porsche 911 GT3 Cup: Нов мотор за најпродаваниот тркачки GT во светот

Со мотор со целосно нова конструкција, Porsche 911 GT3 Cup од следната година ќе се појавува на сите тркачки патеки во светот. Во опашот на тркачкото GT коешто од 1998 година е испорачано во над 3.000 примероци и со тоа е најпродаван модел во овој сегмент, отсега работи четирилитарски боксер со шест цилиндри и обезбедува уште поголема динамика.

Компактниот агрегат со директно впрскување на горивото постигнува максимална моќност од 485 КС. Нов преден браник и нов опаш го подобруваат потисокот на GT3 Cup, кој подготвен за трка тежи само 1.200 килограми. Задниот спојлер и димензиите на гумите остануваат непроменети. Според новите правилници на FIA, отворот за спасување во покривот е зголемен заради полесно укажување помош и спасување во случај на незгода.

Новиот 911 GT3 Cup во следната тркачка сезона ќе учествува единствено во суперкупот на Porsche, којшто се вози во рамките на трките од шампионатот во формула 1, во германскиот Porsche Carrera Cup, како и на северноамериканскиот континент. Веќе од 2018 година, GT3 Cup ќе стои на располагање и за останатите купови на марката. Porsche ги снабдува приватни тркачки тимови во 20 вакви серии, во коишто се вози исклучиво 911 GT3 Cup.

Цената во Porsche Motorsport во Вајзах изнесува 189.900 евра, без давачки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Париз 2016: Новиот Audi Q5 пристига во почетокот на следната година

Париз 2016: Електромобилноста во речникот на Mercedes се води како EQ