152
26 shares, 152 points

Патеката долга 20,8 километри, со точно 73 свијоци од секаков вид и карактер, Porsche 911 GT2 RS ја извозе за рекордно време. Мала асистенција во сетапот на овој цивилен тркач дојде од тимот што има шест победи на 24 Часа Нирбургтинг

Porsche постави уште еден рекорд на Нирбургринг. Porsche 911 GT2 RS MR ја извозе патеката долга 20,6 километри за 6:40,3 минути. Тоа е побрзо од било кој друг автомобил што смее да носи регистерска таблица, на патеката што легендарниот Џеки Икс на времето ја нарече „Зелениот пекол“. Екстремната спортска машина со 700 КС доби специјален сетап за патеката од страна на инженерите на Porsche и од експертите на Manthey Racing. Зад воланот се најде Ларс Керн, фабричкиот тест возач на Porsche, кој лани во септември веќе постави рекорд со сериската изведба на Porsche 911 GT2 RS.

Porsche 911 GT2 RS MR_2

Моделот беше претставен лани, како најсилен и најбрз сериски „911“. За сетапот на возилото за последниов рекорд помогнаа искуствата од тркачките 911 RSR и 911 GT3 R, а секако и експертизата на Manthey Racing на Нирбургринг. Преправките беа извршени главно во подвозјето и во аеродинамиката, со внимавање да не се нарушат стандардите за хомологација.

Porsche 911 GT2 RS со своите 700 КС спринтува до темпо сто за 2,8 секунди

Во Porsche 911 GT2 RS работи 3,8-литарски боксер со 700 КС и вртежен момент од 750 њутнметри. Крајната брзина на моделот со заден погон изнесува 340 km/h. Спринтот од место до темпо 100, двоседот тежок 1.470 килограми го совладува за 2,8 секунди.

Рекорд на Porsche 911 GT2 RS на Нирбургринг

20,8 километри и 73 свијоци за 6 минути и 40 секунди. Нов рекорд на Porsche 911 GT2 RS на Нирбургринг, за автомобил што (се' уште) смее да носи регистерски таблици. Следно од Porsche ќе биде рекорд на рекорди?

Posted by Automedia.mk on Saturday, November 3, 2018

Фирмата Manthey-Racing е специјализирана за услуги од подрачјето на мотоспортот, а Porsche располага со управувачкиот дел од акциите. Со шест победи во генерален пласман на 24 Часа Нирбургринг, таа е рекордер на германската патека. Овој тим од гратчето Мојшпет, чиешто име постојано е во сенка на Porsche, меѓу другото е одговорна за двата Porsche 911 RSR во првенството WEC. Во јуни годинава, Porsche победи во својата класа на 24 Часа Леман. Тимот на Германците моментно води со голема предност во првенството на долги патеки.

Златното Porsche му вреди 2,7 милиони евра на новиот газда

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт

Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
26 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743