за

Porsche 911 GT2 RS го победи Lambo на „Рингот“ со време од 6:47,3 минути

porsche 911 gt2 rs

Porsche 911 GT2 RS не е само најмоќната, туку и најбрза моделска верзија на „911“. Сега и официјално. Новиот рекорд на дваесеткилометарскиот Северен Јазол на Нирбургринг е за близу 18 секунди над очекувањата на Porsche.

Porsche 911 GT2 RS постави нов рекорд за сериски автомобили на 20,6-километарскиот курс на Нирбургринг. Времето на рекордот од 6:47.3 минути ги надмина дури и очекувањата на Porsche. Кога тимот во Цуфенхаузен го започнуваше развојот на GT2 си постави за цел цивилниот болид да го извози Нирбургринг за помалку од 7 минути и 5 секунди. Тоа што GT2 го постигна во „Зелениот Пекол“ на 20-ти септември е 17,7 секунди подобро од поставената цел.

https://www.youtube.com/watch?v=Fh8_2zQZ3xM

Рекордите паѓаа во серија. Триесетгодишниот Ларс Керн од Германија и Ник Тенди (32) од Велика Британија го соборија досегашниот рекорд за сериски автомобили (на Lamborghini, 6:52,01 минути) уште во првиот обид и обајцата извозеа по пет кругови за покусо од 6 минути и 50 секунди. Тоа што новиот рекорд беше поставен со две различни возила и со два различни возача само ги потврдува перформансите на Porsche 911 GT2 RS.

Porsche 911 GT2 RS имаше премиера летово на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Фабричкиот возач Тенди штотуку имаше пристигнато од шестчасовната трка во Остин, Тексас, заменувајќи го тркачкиот прототип за Леман, Porsche 919 Hybrid, со 911 GT2 RS со 700 КС и гуми Michelin Pilot Cup 2. Ларс Керн, тест возач на Porsche, сепак успеа да извози уште подобро. Освен во австралискиот Carrera Cup, Керн редовно учествува и во „маратонскиот“ VLN и совршено го познава „Северниот Јазол“. Неговото просечно време: 184,11 километри на час.

Најбрзата и најмоќна моделска изведба на 911 што е дозволена за редовен сообраќај ја имаше својата светска премиера на Фестивалот на брзината во Гудвуд, Велика Британија, на крајот на јуни. Шестцилиндарски боксер со битурбо натполнење и 700 КС е срцето на овој расен тркач. Со тежина од 1.470 килограми со полн резервоар, двоседот забрзува до сто за 2,8 секунди. Со погон само на задната оска, купето постигнува 340 километри на час. Користејќи технологија што произлегува директно од мотоспортот, новиот 911 GT2 RS го надминува 3,6-литарскиот претходник за 80 КС и со вртежен момент од 750 њутнметри, за педесет њутнметри повеќе од него.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

користени автомобили со дизел мотор

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

mazda toyota електрични возила

Mazda и Toyota се здружуваат во развој на електрични автомобили