за

Ова е најстарата 911-ка во сопственост на Porsche

Porsche 911 Nr57
Opis

Три години беа потребни за половина век стариот Porsche да се врати во првобитната состојба. Исклучително реткиот автомобил е 57-от произведен примерок од моделот 911. Тој е толку стар што и моделската ознака не му е 911.

По тригодишна реставрација, во музејот на Porsche се појавува автомобил на когошто производителот е особено горд. Porsche 911 со сериски број 57 е најстариот примерок од овој модел во историската колекција на марката. Црвеното купе е произведено во октомври 1964 и уште ја носи првобитната ознака „901“ – којашто мораше да биде сменета поради моделската номенклатура на Peugeot. Пред три години, Porsche го откупи автомобилот во руинирана состојба, за тој сега да се појави во музејот како штотуку излезен од фабрика.

Во првите неколку недели од почетокот на производството на наследникот на Porsche 356, автомобилите ја носеа ознаката 901

Германска тв-екипа во 2014 година случајно го пронашла возилото во запуштена состојба во шупа. По контактот со производителот се воспоставило дека станува збор за 57-от произведен примерок од „901“, со број на шасија 300.057. Потоа следела тригодишна реставрација со оригинални резервни делови, вклучувајќи замена на сите рѓосани делови од каросеријата, како и делови на моторот, менувачот, електриката и внатрешноста.

Автомобилот е од непроценлива вредност и сосема е сигурно дека повеќе нема да го менува сопственикот. Исто така е сигурно и дека овој 901 Nr. 57 ќе надживее уште многу примероци од годиштата по него.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda insight prototype

Honda Insight се враќа како голема лимузина

автомобилски трендови 2018 година 1

Топ 10 автомобилски трендови во 2018 година