Род Емори е познато име на сцената на Porsche 356. Неговата најнова креација е Allrad, од германската кованица за погон на сите тркала. Овој автомобил изработен во Калифорнија може да премисли бројни сопственици на скапоцениот германски оригинал.
Кога првпат ќе се здогледа овој автомобил, човек учи да ги цени малите, но фини автомобилски работилници. Тоа што оддалеку се препознава како Porsche 356, кога ќе се погледне подобро, открива суштински разлики со оригиналот. Неколку детали личат на автомобилите со кои Porsche ги возеше своите први релија. На тоа следуваат и уште неколку белези што американската сцена ги нарекува Bad-Car-Look. Тоа се работи што не може да се добијат кај големосериските производители.
Возачите што сакаат нивните олдтајмери да бидат во оригинална состојба, не ги ценат особено креациите на Род Емори, внук на легендарниот хот-род мајстор Нил Емори. Но, квалитетот на изработката и впечатливиот изглед на автомобилите што излегуваат од рацете на Род, направија неговите креации да бидат забележани на сцената.
Род Емори работеше четири години да ја приспособи техниката на Porsche 911 4S за моделот од 1960-те
Името на најновата преработка врз основа на Porsche 356 се води едноставно под името AllRad, што е германска кованица за погон на сите тркала. Каросеријата потекнува од стар 356 од 1960-те години, а под неа работи мотор Emory-Rothsport Outlaw 4 во комбинација со погон на сите тркала од 911 4S од 1990-те години.
Автомобилот е изработен по нарачка од љубител на Porsche, кој сакал 356 за сите времиња и сите услови, за снег, за песок и за чакал. Изработката траела четири години, затоа што погонот од 911 мораше да се приспособува за значително покусиот 356. каросеријата е проширена соодевтно на пошироката трага на Porsche 911.
Моторот не потекнува од Porsche, туку е конструкција на Rothsport Racing, со зафатнина од 2,4 литри и моќност од 200 КС. За напојување со гориво, секако дека се грижат класични карбуратори Weber.
Врз покривот се наоѓа багажник од титан, наменет за превоз на велосипеди, скии и авантуристичка опрема. Покрај тежината од само 975 килограми, калифорнискиот AllRad со своите 200 КС ќе биде вистинска ракета. Цената не се спомнува, ова е сепак уникат.
Porsche 718 Cayman и Spyder првпат со „шестка“
Porsche станува експерт за обвиткување со фолија
Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?
Porsche 911 Speedster оди во серија од 1.948 примероци