за

Porsche со историски рекорд во првото тромесечје

Одличен старт на Porsche во првите три месеци од годинава, со 60.000 испорачани возила на светскиот пазар. Тоа е за седум проценти повеќе отколку во истиот временски период лани и историски рекорд за спортската марка од Цуфенхаузен.

Главни двигатели на продажбата на Porsche во првото тромесечје беа кинескиот и домашниот пазар, односно моделските семејства на Panamera и Macan, со двоцифрени вредности на порастот. Во спортската марка се задоволни од стартот на продажбата на новата генерација на Panamera и очекуваат трендот да се задржи до крајот на годината.

Во меѓувреме се појавија и нови модели во понудата. На салонот во Женева, Porsche ги претстави новата каросериска изведба Panamera Sport Turismo, како комби-купе варијанта на спортската лимузина, топ-хибридот Panamera Turbo S E-Hybrid и класичарот 911 GT3. Последниов од триото ќе стартува со продажба веќе во мај, најсилниот хибрид во светот со 680 КС пристига во салоните во јули, комбито во октомври. Важен модел за кинескиот пазар штотуку е претставен на салонот во Шангај – продолжената каросериска изведба на Panamera, со ексклузивна опременост, но достапна и со послабите мотори, специјално за тамошните купувачи. Сите овие новитети во понудата ќе придонесат за уште поголем раст во продажбата.

Macan и натаму е најпродаван модел на спортската марка од Цуфенхаузен

Најголем единечен пазар за марката и натаму е Кина, кадешто германската марка во првите три месеци продаде 18.126 возила, што е за десет проценти повеќе отколку во истиот период лани. Европскиот пазар апсорбираше 19.084 возила (+7%). Повеќе од една третина од овие возила завршија на домашниот пазар (7.160 возила, +19%). Иконскиот модел за спортската марка, Porsche 911, стандардно се продава добро на германскиот пазар, со 1.600 испорачани примероци во првиот квартал, но најголемиот поттик за продажбата го даде новата генерација на Panamera. Солидно се држи и продажбата во САД, со 12.718 возила и раст од четири проценти.

Бројките од глобалната продажба на Panamera: За дванаесет проценти зголемена продажба и 3.630 испорачани возила. За четири проценти порасна и серијата 718, со 6.060 возила. Најпродаван модел и натаму е Macan, со 24.797 примероци и раст од 15 проценти.

Продажба на Porsche

ЈануариМарт 2017

2017

2016

Разлика (%)

Свет

59.689

55.974

+7%

Европа

19.084

17.821

+7%

Германија

7.160

5.994

+19%

Америка

15.099

14.168

+7%

САД

12.718

12.238

+4%

Азија, Африка и Близок Исток

25.506

23.985

+6%

Кина

18.126

16.409

+10%

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Венецуела ја заплени фабриката на General Motors

Купувачите сакаат Ford во осум нијанси на сиво