за

Porsche работи на претседателската лимузина на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин распиша конкурс за развој на нова претседателска лимузина. Денес излегоа неколку нови детали околу службената лимузина на шефот на државата.

Рускиот претседател сака исто како неговите колеги да се вози во лимузина од домашна продукција, како шеф на државата. Путин сепак не беше особено одушевен од предлогот што го понуди домашниот Zil. Денес излегоа неколку нови информации околу натамошниот развој на настаните.

Porsche Engineering доби одобрение од руското министерство за индустрија и трговија за развој на „семејство од возила за повисоки цели“. Мисијата се води како „Проект Кортеж“ и предвидува развој на putin limuzina 1голема лимузина, престижен теренец и ван. Според руските медиуми, Porsche работи на развој на мотор V12 за претседателската лимузина, со зафатнина меѓу шест и 6,6 литри, со турбонатполнење и моќност од 800 КС. За повеќе детали мора да почекаме уште некое време. Претседателската лимузина се очекува да биде претставена во 2017 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еротски календар со Trabant

Mercedes GLK се подготвува за генерациска смена