за

Porsche заврши уште една рекордна година

Konzeptstudie Panamera Sport Turismo

Повеќе од 237.000 возила се испорачани под логото на Porsche во минатата година. Најголема заслуга за овој пораст од 6% се должи на одличната продажба на теренецот Macan и на новата генерација на 718 Boxster во Европа, САД и Кина. За новата година се очекува уште поголем пораст, со новата генерација на спортската лимузина Panamera.

Митот на Porsche 911 продолжува да опстојува. Лани од иконата меѓу спортските купеа се продале 32.409 примероци низ светот. Но, во меѓувреме друга категорија возила го гради имиџот на спортската марка од Цуфенхаузен. Теренецот Macan се продаде во трипати повеќе примероци од матичниот модел „911“ или во точно 95.642 примероци, што е пораст од 19 проценти. Свежо комерцијализираниот 718 Boxster исто така пријавува добри бројки, со пораст од 9% и вкупно продадени 12.848 примероци лани. За споредба, 911 порасна само два проценти во продажбата.

Најмногу возила се продадени во Европа (78.975 примероци, +5%), при што само германскиот пазар има регистрирано 29.247 нови возила од Porsche. За САД заминаа 54.280 возила (+5%), но најголем единечен пазар за Porsche останува Кина, со 65.246 возила (+12%).

Во следните недели стартува продажбата на втората генерација на Panamera во САД и Кина, а на салонот во Женева и официјално се очекува светската премиера на комби-купе изведбата Panamera Sport Turismo.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Insignia Grand Sport ќе добие нов погон на сите тркала

Специјална серија од Honda Civic Type R за колекционери