за

Porsche планира да продаде 200.000 возила во 2015

Гордоста на германската автоиндустрија очекува продажбата годинава да достигне 200.000 возила, според планот поставен пред три години. Лани беше рекордна година за Porsche.

Во денешното соопштение, марката од Штутгарт објави дека лани продала вкупно 189.850 спортски возила и теренци, што претставува зголемување од 17 проценти во споредба со 2013 година. Porsche имаше одлична продажба во декември, со 20.644 возила, односно плус од дури 39 проценти. Тоа е првпат Porsche да постигне месечна продажба од преку 20.000 возила и во најголем дел е заслуга на новиот Macan.

Porsche поставува рекорди четири години по ред

Околу 34.000 од вкупно 45-те илјади купувачи на новиот спортски теренец од компакт класата Macan се новајлии во марката Porsche, односно претходно поседувале некој од моделите на Mercedes, BMW или на друг ривал. Најголем пазар на Porsche во минатата година е Европа со 60.805 возила (+19,1%), при што само на Германија отпаѓаат 23.841 возила (+15,5%), по што следат САД со 47.007 возила и Кина со 46.931 возила

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Теренец лимузина: Генијална креација од Volvo или…?

Само третина од германските автомобили се „Made in Germany“