174
33 shares, 174 points

Возачите на електрични автомобили добиваат сé повеќе привилегии: При набавка на возилото, при регистрирање, а сега и при редовни набавки во супермаркет. Сето тоа е добро и за малку парадирање

Сабота околу пладне, преполно паркиралиште пред супермаркет, а местото со полначи за електрични автомобили како да е резервирано за Вас и чека да пристигнете. Какво ли само задоволство е тоа! И не само што е обезбедено место за паркирање, туку и полнењето на батеријата е бесплатно, за сето време додека трае редовната набавка за цела седмица.

полнач во скопје, полнач за електрични возила германија

Супермаркетите ширум Европа веќе извесно време ги привлекуваат возачите на електрични возила на овој начин. Во меѓувреме има и вистински шампиони во поглед на поставените станици со полначи. Германскиот синџир супермаркети Kaufland нуди бесплатно полнење на точно 100 свои локации. Јубилејната стота станица е пуштена денес во Битигхајм-Бисинген. До крајот на 2020 година, синџирот ќе го удвои бројот на станици. Веројатно ќе биде и повеќе.

Понудата не е бесмислена: Со брзите полначи, батерија со просечен капацитет може да се наполни до 80% за само 45 минути

„Нашите клиенти можат кај нас бесплатно да го полнат својот електричен автомобил со зелена струја. Наједноставно и лесно, за време на набавките. Со оваа понуда покажуваме колку ни е важно ширењето на мрежата од полначи и активно учествуваме во енергетската пресвртница,“ стратешки коментираат од Kaufland.

Доколку автомобилот подржува полнење со 50 киловати, батерија на просечен електричен автомобил може да се наполни до 80% за само 45 минути. Струјата потекнува од обновливи извори на енергија.

Стоте станици со полначи се субвенционирани од Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура, во висина од 40 проценти од цената.

Во Германија во првите три квартали лани се продадоа повеќе од 50.000 возила со електричен погон, вклучувајќи и плагин-хибридите. Тоа е 36-процентно зголемување во споредба со истиот период во 2017. Во земјата моментно работат 16.100 станици со полначи.

Со новиот полнач во Скопје, Европа има вкупно 118.131 полначи за електромобили

Германски супермаркет бесплатно ги полни електромобилите на клиентите

Bosch нуди изнајмување електрични комбиња во хоби-маркети

Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
33 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *