134
22 shares, 134 points

Првиот салон на Polestar, електричната марка на Volvo, се отвора во средината на следната година во Осло. Норвешка ја добива честа како еден од главните пазари за електрични возила

Салонот на Polestar во норвешката престолнина Осло прв ќе го прикаже пред светот иновативниот и модерен концепт на продажен салон што ќе се користи за електричната марка на Volvo. До средината на 2020 година низ светот ќе има околу 60 вакви салони, односно официјално Polestar Spaces.

Лоциран во строгиот центар, на улицата Овре Слотсгејт, салонот на Polestar ќе биде сместен покрај уште неколку локали, коишто исто така применуваат различен пристап пред публиката. Малите димензии на салонот овозможуваат марката Polestar да биде присутна точно на местата кадешто е најголема раздвиженоста. Сличен концепт применува и Audi.

polestar 1 ceni objava

Моментно во седиштето на марката во Гетеборг се работи на дизајнерскиот концепт што ќе биде применет во идниот салон. Се најавува нова дефиниција на начинот на којшто луѓето се поврзуваат со автомобилот.

Предноста на Polestar Space е во тоа што е блиску и персоналот има попријатен пристап

Клиентите ќе можат по дигитален пат да го извршат во Polestar Space истото како во обичен авто-салон, со таа разлика што тука е драстично помал просторот и салонот се наоѓа во центарот на градот, место далеку на периферијата.

По барање, во Polestar Space може да се побара средба со експертите на марката, а секако дека ќе може да се направи и пробно возење. Швеѓаните посебно внимаваат клиентите да се чувствуваат пријатно во салонот, ве неформална комуникација со експертите на Polestar, место со костумирани ликови кои најчесто ја одигруваат доделената улога невешто.

Volvo ја објави цената за електричниот Polestar 1

Премиум АГС е нов застапник на Volvo во Македонија

Од комби-мајстор до специјалист за СУВ: Volvo заведува со 90-60-40


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
22 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *