за

Во оваа зграда се создава шведската електромарка Polestar

Polestar sediste Geteborg

По точно една година од премиерата на марката, Polestar се вселува во новиот објект во Гетеборг, чијшто стил е ист со идните автомобили на електричната марка на Volvo: Минималистички и авангарден

Polestar го отвори новиот центар во Гетеборг, којшто е лоциран во кампусот на автомобилската групација Volvo. Со ваквата стратешка поставеност, вработените во новото седиште на електричната марка ќе можат директно да соработуваат со своите колеги од матичната марка и да ги користат придобивките од групацијата.

Целата фасада на центарот на Polestar е обложена со стакло

Зградата во чијшто стил доминира таканаречената „Polestar Cube“ е дизајнирана од шведското архитектонско биро Bornstein Lyckefors, во соработка со тимот на Polestar.

Белите стаклени површини на надворешната фасада на зградата, заедно со осветлените логоа, ја симболизираат улогата на марката Polestar како „водечка ѕвезда“ во правец кон дизајнот и технологијата на иднината, во рамките на автомобилската групација Volvo.

Polestar sediste Geteborg

Градбата го следи минималистичкиот и авангарден стил, којшто ја сочинува основата на целата марка, на автомобилите и на начинот на комуницирање со клиентите. Директорот на марката, Томас Ингенлат, зборува за стилот и намената на новиот објект: „Со новото седиште сакавме постоечката структура да ја претвориме во нова и модерна зграда во кампусот на Volvo Cars, којашто ќе ги изразува вредностите на нашата марка и ќе прерасне во инспиративно и посакувано место за работа за нашиот глобален тим.“

Отворањето на новото седиште се случува по точно една година од премиерата на марката Polestar во Шангај, Кина.

Досегашните настапи на Polestar на Женева, на Фестивалот на брзината во Гудвуд и на Пебл Бич секогаш беа придружувани со впечатлива архитектура

Во Кина моментно привршува изградбата на фабриката за производство на Polestar, лоцирана во Ченгду. Ингенлат најавува дека фабриката ќе оддава исто толку силен архитектонски печат, како управната зграда во Гетеборг. За само една година, Швеѓаните успеаја некогашното име од мотоспортот, а потоа и куќен тјунер, да го претворат во електрична марка автомобили со глобална ориентација.

Првиот салон на Polestar се отвора во Норвешка

Volvo ја објави цената за електричниот Polestar 1

Volvo гради фабрика за спортската марка Polestar во Кина

Премиум АГС е нов застапник на Volvo во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lotus proslava 70 godini 2

Lotus прослави 70-годишнина со собир на 1.600 автомобили

Porsche Panamera GTS

Porsche Panamera GTS како меѓустепен со 460 КС