за

Електричен и шведски Polestar 2 за 40.000 евра: Готово е!

Polestar 2 pretstavuvanje

Дизелот е чист, СУВ се во тренд, стар Mercedes е подобар од нов Citroen. Сето тоа сега паѓа во вода. Светот дефинитивно се префрлува на електричен погон. Polestar, електричната подмарка на Volvo, го претставува следниот модел.

Polestar 1 уште не стартувал со испорака, а шведската марка специјализирана за електричен погон веќе го најавува следниот модел. Додека Polestar 1 e елегантно и претставително купе со плагин-хибриден погон со многу голема батерија, Polestar 2 е веќе автомобил кој никогаш нема да согори бензин.

Изгледот го следи стилот на дизајнерската студија Volvo 40.2, автомобилот поседува дух на гран-туризмо лимузина. Многу поважно сознание е цената: Со почетни 39.900 евра, Polestar 2 чини колку „евтиниот“ калифорниски електромобил, Tesla Model 3. Во првите 12 месеци од почетокот на производството, сепак ќе биде достапна само специјалната серија по цена од 59.900 евра. Тренд е возењето електричен автомобил, меѓу другото.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во комбилимузината со голем заден капак работи по еден електромотор напред и назад, и батерија од 78 kWh. Досегот со оваа батерија изнесува до 500 километри. Основата на возилото е иста со „светскиот“ Volvo XC40 и со идниот V40. Батеријата со 27 модули е сместена во подот и придонесува за крутоста на каросеријата, како и за звучна изолација.

По еден електромотор напред и назад елегантно произведуваат погон на сите тркала

Заедничката моќност на двата електромотори изнесува 300 kW или 408 КС, вртежниот момент достига 660 њутнметри. Спринтот од место до темпо сто трае помалку од пет секунди.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моделот поседува спортски карактер, со можност за доплата на постегнато подвозје со амортизери од специјалистот Öhlins, сопирачки Brembo и уникатни ковани бандажи од 20 инчи. Посебни детали се безбедносни ремени во златна боја, но и сопирачки клешти во истата боја.

Првпат Android комбинира функции на возило со оперативен систем за мобилна телефонија

Инфо-забавниот систем е целосно базиран врз Android, вклучувајќи услуги како Google Assistant, Google Maps за електрични возила и Google Play Store. Дисплејот има пречник од 11 инчи, со повеќето функции може да се командува преку говор.

New item by Automedia MK / Google Photos

Возилото може да се отклучи и стартува со мобилен телефон со содоветен дигитален клуч. Тоа меѓу другото овозможува услуги како достава на нарачки во возилото или можност возилото да се понуди на користење додека сопственикот ги минува осумте часови на работа – за што следи соодветен надомест.

Производството стартува во почетокот на 2020 година во Кина; Наскоро следи Polestar 3, како конкурент на Tesla Model X

Стартот на производството на Polestar 2 е планиран за почетокот на 2020 година во Кина, од каде што електромобилот ќе се испорачува ширум светот.

Светската премиера е во Женева, за неколку денови. Потоа следи патувачко шоу низ Европа, Северна Америка и Кина.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Во оваа зграда се создава шведската електромарка Polestar

Првиот салон на Polestar се отвора во Норвешка

Volvo ја објави цената за електричниот Polestar 1

Volvo гради фабрика за спортската марка Polestar во Кина

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ginetta Superavtomobil premiera

Ginetta за возачки специјалисти: Грд и смешен, многу брз

smart forease+ zeneva

Smart forease+ прави едноставноста да биде градска шема