за

Polestar развива спортски модели со електричен погон за Volvo

Polestar elektricni modeli

Polestar, спортскиот огранок на Volvo, се издвојува од матичната марка за да развива сопствени спортски модели со погон на струја. Идните електрични модели на спортската марка ќе имаат различен дизајн од стандардните модели на шведската марка.

Трансформацијата во Volvo не запира. Спортската подмарка Polestar наскоро стартува со сопствени модели, коишто ќе ја поседуваат досегашната спортска нота, но ќе користат погон на струја. Тоа е последниот во низата радикални чекори на шведската марка. Volvo не присуствува на сите автомобилски салони низ светот, моторите со шест и осум цилиндри ги замени со плагин-хибриди во комбинација со четирицилиндарци, дел од продукцијата во Кина се нуди на светскиот пазар.

Доколку спортската подмарка досега беше во сенка на AMG, M или quattro, отсега ќе биде во голема предност, со преоѓањето на електричен погон. Човекот што ќе биде задолжен за трансформацијата е истакнато име во шведската марка. Главниот дизајнер Томас Ингенлат го презема кормилото на Polestar. Тој е главниот креатор на актуелниот дизајнерски говор на Volvo.

Дизајнот на идните модели на Polestar ќе се разликува од Volvo

Работниот налог од шефот на марката, Хакан Самуелсон, гласи: „Тоа што Томас ќе раководи со Polestar ја покажува нашата посветеност да воспоставиме наполно различна самостојно марка во рамките на групацијата Volvo.

Volvo стекна апсолутна сопственост во Polestar Performance во јули 2015 година, по соработката во мотоспортот којашто датира уште од 1996 година. Идните модели на Polestar повеќе нема да го носат логото на Volvo. Истото важи и за „тјунираните“ верзии на моделите од стандардната понуда на шведската марка.

https://www.facebook.com/polestar.official/videos/1735584646470404/

Новата спортска марка ќе добива технолошка и инженерска помош од Volvo. Матичната марка веќе има стекнато големо искуство во развојот на електричниот погон, меѓу другото и со масовното вградување на плагин-хуибриден погон во повеќето свои модели. Од оваа соработка се очекува да произлезат електрични автомобили со високи перформанси коишто ќе поставуваат стандарди на светско ниво.

Наесен Швеѓаните ќе излезат со подетални информации околу идните модели, производството и продажбата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

безбедносни стандарди, системи за спречување судир, тест адак

Системи за спречување судир на тест на клубот АДАК

Smart Fortwo Cabrio Electric Drive

Smart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струја