за

Подземните гаражи се центри за загаден воздух

katna garaza parkiranje

Загаденоста на воздухот во македонските градови повеќе не е тема. Кога проблемите не се решаваат и јавноста станува свесна дека зад сето тоа стои намера, настапува безнадежност. Но, вниманието секогаш се враќа во жариштето на проблемот, во изворот. Белгиски научници ја мереа загаденоста на воздухот во подземните гаражи. Резултатот не е поинаков од тоа што може секојдневно да се почувствува во нашите трговски центри. На улиците, исто така.

Паркирање колку е можно поблизу до влезовите. Тоа е основната рутина што се практикува при паркирање во подземните гаражи, обично во големите трговски центри. Не станува збор за комоција, туку за нагон за преживување. Секому е јасно дека воздухот е загаден. Кој доаѓа пеш, внатре веднаш ќе ја почувствува реата што се шири од пристапите до гаражите.

Многумина го забележуваат тоа, а го забележале и белгиски научници, кои верно на својата вокација, стручно и темелно го разгледале проблемот. Во студијата под наслов „Мерење на загаденоста со неразградливи честички во подземните гаражи“, научниците Обаидула, Диаков, Петерс, Брам и Де Рујк од Катедрата за механички инженеринг на Универзитетот Врије во Брисел и од Катедрата за индустриски науки и технологија на Универзитетот Еразмус во Брисел, ги измериле и анализирале вредностите за загаденоста на воздухот во две опитни гаражи во Брисел и една во Левен.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Гаражите во студијата биле со капацитет за 50, 130 и 185 возила. Мерењето со врвна опрема (ELPI+) опфаќало емисија на PM1, PM2,5 и PM10. Истражувањето било спроведено во февруари и март во 2012 година. Временската рамка што изминала од спроведувањето на истражувањето вооошто не го релативизира проблемот со загаденоста. Напротив, Брисел денес има воведено повеќе подрачја на заштитена животна средина, во коишто не се дозволува пристапување со постари возила со дизел мотор.

Резултатот од студијата за загаденоста во Белгија

Просечна маса и концентрација на неразградливи честички во трите гаражи

(мерено во период кога зафатеноста на гаражата е над 90%)

Гаража А

Гаража Б

Гаража Ц

Времетраење на мерење

3h 20min

5h 10min

5h 15min

PM1 [µg/m3]

28±1

42±3

50±5

PM2,5 [µg/m3]

43±3

55±7

60±9

PM10 [µg/m3]

58±13

90±27

76±41

Концентрација

[честички/cm3]

28e3±6e3

47e3±14e3

39e3±12e3

Студијата покажува дека во сите три гаражи и за сите три различни категории на големина на неразградливи честички биле надминати дозволените вредности според нормите на Светската здравствена организација (СЗО), на американската ЕПА и на ЕУ.

Ефектот на затворен простор е сличен по тесните улички покрај масовно новоизградените објекти и центри
New photo by Automedia MK / Google Photos

Конкретно за PM2,5, кои носат значително повисок животен ризик, поради тоа што продираат подлабоко во респираторниот тракт, просечната концентрација во трите гаражи се движи меѓу 43 и 60 микрограми честички PM2,5 на метар кубен. Притоа, референтните вредности за период од 24 часа на СЗО се надминати за 71, 121 и 140 проценти, односно истите вредности според американската ЕПА се надминати за 22%, 58% и 71% соодветно во трите опитни гаражи.

Гранични вредности за PM

СЗО
ЕПА
ЕУ

PM2,5

  • Годишен просек [µg/m3]

10

15

Нема

  • Дневен просек [µg/m3]

25

35

Нема

PM10

  • Годишен просек [µg/m3]

20

50

20

  • Дневен просек [µg/m3]

50

150

50

За неразградливите честички со големина од 10 микрометри (PM10) е добиена просечна вредност меѓу 58 и 90 микрограми на метар кубен. Сите мерења недвосмислено водат кон заклучокот дека прекумерното загадување на воздухот во гаражите е предизвикано од возилата. Во сите три гаражи била измерена значително повисока загаденост отколку директно на улица.

Каква ни беше автомобилската 2018 година: Препишано, неразбрано

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Унгарија и Чешка со тужби поради загадениот воздух од увозот на стари дизели

Овие 15 држави во ЕУ го ограничуваат сообраќајот при загаденост

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron ски-патека

Audi e-tron во спектакуларно искачување по ски-патеката во Кицбил

Kia XCeed

Kia има уште еден Ceed за „посадување“