155
20 shares, 155 points

Денот станува покус, температурите ноќе се спуштаат ниско. Со заминувањето на „златниот октомври“, ќе заврши и сезоната на олдтајмери. Постојат неколку основни работи на кои треба да се внимава пред вредното историско парче да се стави во мирување до следната пролет.

Како секоја подготовка на автомобилот, почнува со темелно рачно миење. По миењето, олдтајмерот или јангтајмерот треба да се извози неколку километри, со цел да се отстрани влагата од жлебовите и каналите. Возилото треба да се состави со полн резервоар, а во одредени случаи треба да се додаде и стабилизатор за гориво, кој овозможува истото да стои до една година без промени во составот и својствата.

Создавањето кондензат во издувниот систем може да се спречи со ставање крпа натопена во масло во издувната цевка. Доколку остануваат малку километри до потребната замена на моторното масло и филтерот, подобро е тоа да се направи сега, затоа што свежото моторно масло најдобро го заштитува моторот.

Зголемување на притисокот во гумите, заштита на заптивките, добро проветрена гаража…

Притисокот во гумите треба да се зголеми на околу 3,5 бари, за на тој начин да се пречи издишување на гумата од стоење. Исто така, возилото треба повремено да се помести неколку сантиметри со туркање. Следно секако дека е отстранување на акумулаторот и чување на суво место. Не треба да се заборави заштита на заптивките и гумените делови.

Гаражата треба да биде добро проветрена и без влага. Кај мотори со водено ладење се препорачува додавање малку средство за заштита од замрзнување, за миленикот без проблем да го мине презимувањето.

Автомобил со историја во тек: Зелениот Mercedes W115 на Драган


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
20 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *