166
23 shares, 166 points

Европските производители на автомобили стравуваат дека климатските цели за 2021 година нема да се исполнат и бараат ЕУ да одреди поблаги гранични вредности за емисијата на СО2

Производителите на автомобили повторно негодуваат пред да започнат важните преговори за намалување на штетната емисија од возилата на ниво на ЕУ. Здружението на европските производители на автомобили се сомнева околу исполнувањето на поставените климатски цели за 2021 година. Покрај тоа, се предупредува и за опасноста од драстично намалување на бројот на работните места во индустријата, доколку се постават уште построги услови за емисијата на СО2 за 2030 година. Наспроти тоа, заштитниците на животната средина бараат брзо и масовно преоѓање на возила со електричен погон.

Комисијата на ЕУ предлага емисијата на СО2 во периодот од 2021 до 2030 година да се намали за 30 проценти. Во Европскиот Парламент се спомнува дури и намалување за 50 до 75 проценти. Во следната недела ќе се состане Комисијата за заштита на животната средина, а потоа ќе следи и гласање во почетокот на октомври.

Здружението на производителите на автомобили стравува дека целите за заштита на животната средина што се поставени за 2021 година нема да се исполнат, затоа што по дизел скандалот се зголеми продажбата на автомобили со бензински мотори – тие трошат повеќе од дизелите, а со тоа испуштаат и повеќе СО2, когошто властите сакаат да го ограничат

ЕУ уште во 2009 година ја одреди границата од 95 грами СО2 на километар, којашто производителите на автомобили не смеат да ја надминат по 2021 година. Лани просечната вредност на СО2 изнесуваше 118,5 грами, што беше незначително зголемување во споредба со преклани.

Здружението смета дека од тие причини треба да се постават пореални цели, односно бара емисијата на СО2 до 2030 година да се смали за само 20% во споредба со нивото од 2021 година. Според нив, брзото преоѓање на електрични возила би предизвикало масовни отпуштања во браншата.

Еколозите ги знаат причините за зголемувањето на СО2: Расте продажбата на тешки и силни СУВ модели

Наспроти тоа, еколозите посочуваат дека таквите тврдења се сосем неточни. Повеќе студии докажуваат дека преоѓањето во ерата на електромобилноста ќе предизвика само незначително намалување на бројот на работни места. За нив нема двоумење дека иднината на автомобилизмот е во електричниот погон.

Актуелното зголемување на просечната емисија на СО2 не се должи само на опаѓањето на пазарниот интерес за возилата со дизел мотор, туку и на моделската политика на производителите на автомобили, којашто и натаму се ориентира првенствено кон профит, место кон исполнување на барањата за заштита на животната средина. Автомобилите стануваат сé потешки и користат посилни мотори, а покрај тоа се случува и вистински бум во продажбата на СУВ возила, коишто трошат повеќе гориво.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

ЕУ бара за третина помалку СО2 од автомобилите до 2030 година

ЕУ бара наплата на патарина според емисијата на СО2


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
23 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743