Науката уште одамна има пронајдено замена за фосилните горива, но тие се основа на светската политика и не заминуваат толку лесно. Овој подвиг на науката е фрапантен: Од отпадни води се произведува чист водород, а потоа и метан
Отпадни води може да се користат како ресурс за производство на еколошки погонски горива. Технолошка фирма од Берлин за првпат пред јавноста ја претставува постапката, којашто се нарекува плазмализа и во основа служи за добивање водород. Се користи отпадна вода од пречистителни станици и индустриски постројки, како и од постројки за биогас. Со примена на струја од обновливи извори, водата се раздвојува на кислород и водород – слично на електролиза. Водородот добиен на овој начин потоа се меша со биогас и се добива Е-гас, кој може да се користи како погонско гориво во возила што користат метан, односно како гориво во блок-термоцентрали и гасни централи.
По позитивните резултати од тестирањето, берлинскиот водовод планира да постави пробна постројка и произведеното погонско гориво да го користи за сопствениот возен парк. Паралелно ќе се истражува дали Е-гасот може да се користи и како енергенс за сопствените блок-термоцентрални, во насока на смалување на штетните емисии.
И Audi има напредувано многу во производството на синтетски горива
За иновативната технолошка постапка е заинтересиран и Audi. Производителот на автомобили ќе испитува дали плазмализата може да се користи во сопствената тест станица за Е-гориво во Верлте. Целта е да се зголеми продукцијата на водород, и воопшто, ефикасноста на станицата во којашто Audi врши пробно производство на еколошки горива.
Отпадните води при производството на Е-гас досега се користеа како земојделско ѓубриво. ЕУ одредува овие води во иднина да се пречистуваат или да се отстрануваат. Audi би можел да ја применува плазмализата и нечистата вода да ја претвора во водород.
Бидејќи при постапката се користи регенеративна струја, производството на водород е неутрално за климата, исто како и понатамишното користење на водородот како погонско гориво. Е-гас ја смалува емисијата на СО2, СО и НС за 30 до 60 проценти. Емисијата на азотни оксиди исто така се смалува до 60 проценти. При постапката не се создава ниту штетен отпад, туку само пречистена вода и кислород.
Секако дека најважни се цените. Во споредба со производството на водород според вообичаената постапка, со коешто се постигнува цена меѓу шест и осум евра за килограм водород, плазмализата ја намалува цената на само три евра.
Renault создава острови што се независни од фосилни горива
Вака ќе ја пресметате вистинската потрошувачка на гориво