за

Фирми во ЕУ им плаќаат на вработените да доаѓаат со велосипед

велосипед возење работа европа
велосипед возење работа европа

Како луѓето да се поттикнат да користат велосипед до своето работно место? Во некои европски држави, работодавците ги плаќаат своите вработени за тоа. Но, постојат и други начини.

Во повеќе држави во ЕУ, работодавците ги плаќаат своите вработени да користат велосипед на пат до работа. Во Белгија, на пример, секој километар извозен со велосипед до работното место се плаќа 23 центи. При 20 работни денови и растојание од десет километри до работа и назад, тоа се 92 евра месечно. Тоа се исплаќа како бонус и не се оданочува.

Резултатите се неоспорни. Оваа практика е воведена уште во 2005 година, за во 2018 година, бројот на вработени што го користат бонусот да достигне близу 550.000 лица. Тоа се 15 проценти од вкупниот број вработени лица во земјата. Системот се применува и во Холандија, Велика Британија, Австрија, Франција и Унгарија, каде што големите компании им плаќаат на своите велосипедисти по околу 20 центи од километар.

Големите компании добиваат масивни попусти кога нарачуваат голем контингент велосипеди за своите вработени и потоа можат да им понудат можност за отплата на велосипедот под поволни услови

Друг начин за поттикнување на интересот за користење велосипед е преку класичниот скалест принцип. Кусо, плати два земи три. Според тој принцип, големите компании склучуваат договори со трговците со велосипеди и прават големи зделки во коишто се набавуваат илјадници велосипеди. Бидејќи цената се намалува драстично, компаниите можат да им ги понудат велосипедите на своите вработени по мошне привлечна цена, во одредени случаи и до 40 проценти под редовната цена. Секако, постои и можност за склучување договор за лизинг со работодавецот. Тоа е, практично, стандард.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Последниов пример важи особено за Германија, каде што се цени дека половина милион вработени користат велосипед со договор за отплата со својот работодавец. Покрај тоа што со редовното и масивно користење велосипед се смалува емисијата на СО2 од сообраќајот, постојат и други придобивки.

Во Холандија, земјата на велосипедите, постојат истражувања што докажуваат дека со возењето велосипед до работа се подобрува здравјето и се зголемува отпорноста на луѓето. Се штеди и на простор за паркирање. Властите ги поттикнуваат фирмите да вложуваат во тушеви и покриен простор за чување на велосипедите.

Апликација ги брои извозените километри и собира бодови, со кои може да се купи влезница за кино или да се добие бесплатно кафе

Во Луксембург не постои надомест за извозеното растојание, туку следи еднократен повраток на данок во висина од 300 евра, при набавка на велосипед. Во Париз, од декември се одобрува субвенција во висина од 400 евра при купување електричен велосипед, односно 600 евра за товарен велосипед. Една студија уште во 2015 година покажа дека 62 проценти од вработените што патуваат подолго до работа ќе се откажат од користење на автомобилот, доколку им се овозможи да користат електричен велосипед до работното место.

Германските градови Хамбург и Хановер разработија посебна шема за луѓето да ги потикнат да возат велосипед. Шемата се базира врз апликација, којашто анонимно ги бележи податоците за извозените рути и вкупната километража, соодветно доделувајќи бодови. Откако ќе се освои одреден број бодови, со нив може да се плати, на пример, влезница за кино или да се добие бесплатно кафе. Во Хамбург, апликацијата за три месеци регистрирала 500.000 извозени километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Kodiaq vRS

Skoda Kodiaq vRS како логистичка поддршка на британската армија

Електрична паркирна сопирачка отсега и во малите автомобили

Електрична паркирна сопирачка отсега и во малите автомобили