156
20 shares, 156 points

Поголемиот дел од пластиката во денешните автомобили не се гледа. Тоа не значи дека производителите сакаат да го прикријат тоа, туку значи дека самиот материјал дозволува негово користење во најразлични подрачја. Конкетно станува збор за неколку стотини килограми пластика. Рециклирањето исто така игра важна улога, во насока на зачувување на животната средина.

Нема потреба од спроведување студии со цел да се утврди дали и колку има пластика во денешните автомобили. Браншата сепак напредуваше во тој поглед и материјалите што се вградуваат сé поретко се препознаваат како пластика. Притоа, „пластика“ обично се спомнува во негативна конотација и главно се однесува на вештачките материјали што се со послаб квалитет при допир и визуелно. Од тој аспект, подеднакво е пластика и мекиот полиуретан, со којшто се обложени арматурните табли почнувајќи уште во компакт класата. Од некогашната пластика до денешните хај-тек материјали, постојат цели светови разлика.

Во Skoda отсекогаш биле транспарентни во поглед на чувствителните теми. Неколку вредни информации од чешката марка објаснуваат многу работи и оттргнуваат бројни заблуди околу пластиката во автомобилите. Притоа, главниот предизвик не е да се произведе рециклирана пластика, туку колку таа пластика ќе одговара за рециклирање – и за заштита на животната средина.

Во минатото при развојот на пластика не се земало предвид какви се нејзините својства во поглед на рециклирањето, за нејзиното враќање во синџирот на набавка на материјали. Денес на тоа се внимава многу повеќе. Секако дека врвниот приоритет е изборот на материјал да не ја ограничува функционалноста на одреден дел, вклучувајќи ја особено неговата трајност. Рециклираните материјали се користат најчесто на местата кадешто нема големи оптоварувања и напрегања. Денес целите поткрила се обложени со пластика што ги штити од оштетувања и од појава на корозија. Кога купувачите денес би избирале меѓу автомобил со и без пластична заштита на поткрилата, сигурно повеќето би ја избрале првата опција.

Зошто е важно да се оставаат стари батерии во супермаркетите, место да се фрлаат во отпад?

Некои делови од рециклирана пластика се релативно мали и незабележливи, но се вградуваат масовно и тоа носи голема корист – не финансиска, туку корист за животната средина. Такви се на пример капаците врз механизмот на бришачите (со портокалова слика на сликата подолу). Интересно е тоа што половината од составот на овие делови доаѓа од рециклирање на пластиката од куќиштето на батериите за широка потрошувачка.

Под нив постои друга пластична структура, што има многу важна функција, а тоа е одведување на водата што се слева од ветробранот. Тоа е комплексна структура, но исто така се изработува со рециклирање. За таа цел се користат остатоците при изработката на пластичните компоненти, кои се преработуваат. Во фабриките на Skoda буквално не постои отпад,. Се користи секој ресурс.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Пластиката, или поточно, „нивното височество“ вештачките материјали, придонесоа да се замени тешкиот метал во одредени подрачја и на тој начин да се постигне важното намалување на тежината, што понатаму води кон намалување на потрошувачката на гориво и на емисијата на штетни материи.

За материјалите што се користат во кабината важат многу построги стандарди, затоа што мора да се внимава да не постојат испарувања и да не се шири непријатна миризба. Во таа насока, рециклирањето на ПЕТ-амбалажата, најчесто шишиња, се покажа одлично за изработка на патосници и за обложување на багажникот. За звучна и топлинска изолација се користи и рециклирано платно.

Моментно се работи на разој на влакна добиени од неискористената кора од кокосов орев, од лушпа од зрно кафе и слични материјали, кои во иднина ќе станат составен дел од вештачките материјали. Сето тоа во интерес на одржливоста и зачувувањето на природните ресурси.

Во фабриките на Skoda не знаат за отпад

Во фабриките на Skoda не знаат за отпад
Во фабриките на Skoda не знаат за отпад

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *