за

На плацевите во Германија чекаат автомобили вредни 15 милијарди евра

продажба нови автомобили

Вредноста на новите автомобили што чекаат прв сопственик на плацевите на германските дилери се цени на 14,8 милијарди евра. До тој податок дојде централната автомобилска комора во земјата. Таа бара државата да објави субвенции за купување нов автомобил.

На најголемиот автомобилски пазар во Европа, Германија, во минатиот месец се продале за 60% помалку возила отколку во април лани. Причината е иста секогаш и секаде, корона-кризата. Од петте најголеми пазари во Европа, германскиот пазар бележи дури и помал пад во споредба со Италија, Велика Британија, Франција и Шпанија, кадешто продажбата буквално се преполови.

Голем дел од возилата на плацевите на дилерите и увозниците во земјата останал непродаден. Во одреден дел, тоа се должи и на затворањето на трговската и сервисната мрежа во земјата, во периодот на пикот на пандемијата. Трговската автомобилска комора процени дека во земјата има нови автомобили во вкупна вредност од 14,8 милијарди евра, што чекаат сопственичка или сопственик.

Потпомагањето на продажбата на автомобили во Германија воедно значи и потпомагање на домашната индустрија – земјата произведува автомобили

Комората бара политичарите брзо да донесат решение околу воведувањето на субвенции, со коишто државата ќе учествува со одредена сума во продажната цена на новите автомобили и на тој начин ќе им овозможи на потенцијалните купувачи полесно да се решат за чекорот.

Канцеларката Ангела меркел најави дека решението за воведувањето на субвенции ќе биде донесено до почетокот на јуни. Автомобилската бранша е особено значајна за земјата, со 1,3 милиони вработени лица во секторот.

Поттикнувањето на продажбата на автомобили, сосем логично ќе води и до заживување на производството на автомобили. Во спротивно, тоа би имало негативно влијание врз клучната индустрија во германското стопанство.

Низ салоните за автомобили, виртуелно

Низ салоните за автомобили, виртуелно
Низ салоните за автомобили, виртуелно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota сама си произведува енергијата за европската централа

Toyota сама си произведува енергија за европската централа

Порано автомобилите беа многу поиздржливи

Порано автомобилите беа многу поиздржливи?