166
48 shares, 166 points

Големи средишни дисплеи на допир се речиси задолжителни во новите автомобили. Pioneer сега ја нуди оваа комоција на ракување и за постарите генерации автомобили. Рисивер служи како држач за телефонот и го претвора истиот во сопствен дисплеј, со помош на мобилна апликација

Pioneer уште летоска ја претстави мобилната апликација Smart Sync, заедно со новата генерација рисивери, кои во основа се замислени да понудат функционалност како големите дисплеи што станаа задолжителни во кокпитот на новите автомобили. Тогаш многумина пропуштија да ја забележат малата, а голема иновација, кај еден од моделите во новата серија рисивери.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како што пристигаат новите автомобили, станува јасно дека повеќе не може да се пушти нов модел на пазарот, без голем средишен дисплеј на допир. Добрата вест е во тоа што дисплејот повеќе не е привилегија на новите автомобили, туку може по релативно достапна цена да се овозможи и во постарите генерации автомобили.

Главниот мозок во претворањето на телефонот во еден вид интегриран дисплеј во кокпитот е апликацијата Pioneer Smart Sync

Главната заслуга за новата функционалност на рисиверите на Pioneer е мобилната апликација Smart Sync, којашто го претвора поврзаниот телефон во дисплеј на рисиверот. На тој начин, дисплејот на мобилниот телефон служи како „автомобилски“ средишен дисплеј со висока резолуција, со ракување преку допир и со приказ на дополнителни информации.

Со само едно притискање на големите копчиња во рисиверот, возачот може да вклучи навигација, да активира говорни команди, да пушти музика преку Spotify или да побара читање на добиените текстуални пораки.

Држач вграден во самиот рисивер овозможува телефонот да ротира по потреба – и секако го позиционира телефонот на вистинското место

Новиот рисивер со ознака SPH-10BT поседува уште една интересна иновација. Станува збор за вграден држач за телефон во рисиверот, кој овозможува и ротирање на телефонот. Со четирите копчиња се вклучуваат апликациите на телефонот, додека сегментираниот LCD-дисплеј со тризонско RGB-осветлување ги сонхронизира своите бои според апликацијата Pioneer Smart Sync.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Во „кутијата“ се крие аудио пренос преку блутут A2DP, микрофон за повици, приклучок за USB за пренос на податоци и брзо полнење за Android, како и подршка за приборот што исто така го нуди специјалистот Pioneer, мешу другото сензори за паркирање ND-PS1.

Како полуаудиофилски рисивер, SPH-10BT поседува еквилизација во 31 фреквентни подрачја, со мошне практична функција за дотерување, преку исцртување крива со прст врз дисплејот на телефонот. Рисиверот е во стандардна големина 1-DIN. Апликацијата Pioneer Smart Sync е достапна за преземање од iOS App Store или Google Play Store.

Цената на рисиверот на Pioneer изнесува околу 100 евра, што е добра противвредност, особено покрај фактот што не мора да се плаќа и скап дисплеј.

На следниов можете да ја погледнете понудата на Amazon https://amzn.to/2RvpXuR

Старо радио за модерни времиња во Jaguar и Land Rover


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
48 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format