за

Pininfarina како автомобилска марка: Battista со 1926 КС

Pininfarina Battista pretpremiera

Долга подготовка му претстои на настанот што ќе се одржи во Женева на 4-ти март. Легендарното име во автомобилскиот дизајн Pininfarina, станува посебна автомобилска марка, којашто ќе понуди најексклузивни и супермоќни модели со погон на струја. Има уште многу детали што ќе се дознаат на премиерата, на еден ден пред службениот почеток на салонот во Женева, вклучувајќи ја и најголемата неизвесност: Изгледот на автомобилот.

Куса хронологија на пристигањето на автомобилската марка Pininfarina на сцената:

За време на трката во Формула Е во Рим во април лани, беше соопштена новата автомобилска марка Automobili Pininfarina. Сопственик на компанијата е индиската Mahindra & Mahindra, којашто има и сопствен тркачки тим во првенството со Формула Е. Новата марка ќе стартува со производство на луксузни автомобили со електричен погон во 2020 година. За дизајнот на автомобилите е задолжена Pininfarina SpA, како засебна дизајнерска куќа.

Веднаш се соопштуваат и перформансите:

  • 0-100 km/h: < 2 s
  • 0-300 km/h: < 12 s
  • Крајна брзина: > 400 km/h
  • Досег: > 500 km

Во август 2018, за време на автомобилската недела во Монтереј, во чијшто рамки се одржува и славната ревија на скапоцени олдтајмери и ексклузивни актуелни модели, Automobili Pininfarina прикажува дизајнерски студии на идниот автомобил пред потенцијални купувачи. Се најавува развој на палета суперлуксузни автомобили со врвни перформанси, во исклучително мали серии.

New item by Automedia MK / Google Photos

Ник Хајдфелд, поранешен возач во Формула 1 и актуелен возач во Формула Е за тимот на Mahindra, ангажиран е како амбасадор и тест-возач на Automobili Pininfarina

Во септември 2018, компанијата стартува со работа во новото седиште во Минхен, од кадешто се воспоставуваат непосредни врски со водечките технолошки компании. Потврдено е техничко партнерство со хрватскиот електро-специјалист Rimac, кој развива батериска техника, електрична погонска спрега, како и софтвер и хардвер за електричен погон.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во ноември 2018, Automobili Pininfarina ги објавува првите поконкретни цртежи, на коишто се гледаат контурите на првиот суперавтомобил од марката. Се објавува и инвестицијата од 20 милиони евра во Pininfarina SpA, за развој на дизајнерскиот правец Pura, кого што ќе го следи идното моделско семејство на најновата автомобилска марка на сцената.

Во декември 2018 се објавува името на хиперавтомобилот: Battista, по името на основачот Батиста „Пинин“ Фарина.

Неколку технички детали:
  • Каросерија од карбон
  • Моќност 1926 КС
  • Вртежен момент 2300 Nm

Испораките ќе стартуваат кон крајот на 2020 година, по цена меѓу двa и 2,5 милиони евра. Pininfarina Battista ќе се произведе во најмногу 150 примероци, при што една третина од продукцијата е предвидена за САД, Европа и Блискиот Исток/Азија.

На ексклузивен настан 4-ти март, во Женева ќе бидат прикажани три дизајнерски варијации на Pininfarina Battista. Засега во јавноста кружи само еден „детал“ од изведбата што експериментира во минималистички правец. Сцената се раздвижи само од дебатата околу дизајнот на бандажот на конкретната дизајнерска варијанта на Battista. Што ќе се случи кога целиот автомобил ќе се појави пред публиката во Женева? И тоа, во три различни стилски изведби.

Pininfarina ќе спринтува до 300 km/h за помалку од 12 секунди

Топ 10 погодоци и утки на неделата: Pininfarina е марка и Гугл Транслејт најчитан автор

Pininfarina стана индиска фирма за каросериски дизајн

Кој е тој славен Peugeot 504 Coupe за кого зборува цел Париз?

Неколку објави од инстаграм-профилот на Automobili Pininfarina

https://www.instagram.com/p/BudUFUOhOgc/

https://www.instagram.com/p/BtEJOFWh74U/

https://www.instagram.com/p/BrFsKkoDmCR/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

smart forease+ zeneva

Smart forease+ прави едноставноста да биде градска шема

Ferrari F8 Tributo

Ferrari F8 Tributo во чест на самиот себе