за

Првпат продадени повеќе пикапи отколку автомобили во САД

Првпат продадени повеќе пикапи отколку автомобили во САД

Првпат во историјата, на американскиот пазар во април се продале повеќе пикапи отколку патнички автомобили.

Пикапите се исклучително популарни во САД и така било отсекогаш. Но, тие никогаш не биле толку популарни како во изминатиов период. Нивната продажба во изминативе неколку години постојано им се приближуваше на патничките автомобили. Во април се случи историска пресвртница. Првпат во историјата, во Америка во април се продале повеќе пикапи отколку лимузини.

Според официјалните статистики, камионетите од типот на Ford F-150 или Chevrolet Silverado ја престигнале продажбата на патничките автомобили за околу 17.000 возила. Аналитичарите ценат дека тоа се должи на долгорочните безкаматни кредити што американските производители ги нудат во корона-кризата, со цел да се поттикне продажбата. Најголемиот дел од понудата на „големата тројка“ се состои од пикапи, па оттаму и нивната продажба пораснала повеќе отколку што е случај со лимузините.

Друга можна причина се ограниченото движење на источниот и западниот брег, поради пандемијата, додека јавниот живот и натаму е активен во централниот дел на САД. Токму во тие држави, пикапите уживаат многу поголема популарност. Се очекува дека соодносот со патничките автомобили повторно ќе се нормализира, но во секој случај се работи за историски момент.

Suzuki Jimny во пикап-изведба, дело на еден и единствен човек

Suzuki Jimny Pickup - David Johnson

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lotus со четири специјални серии од Elise

Lotus со четири специјални серии од Elise

BMW ги одложува плановите за фабрика во Унгарија

BMW ги одложува плановите за фабрика во Унгарија