163

Notice: A non well formed numeric value encountered in /home/automedi/public_html/wp-includes/pomo/plural-forms.php on line 274

Notice: A non well formed numeric value encountered in /home/automedi/public_html/wp-includes/pomo/plural-forms.php on line 274
1.5k shares, 163 points

Електричниот погон е реалност во Македонија, барем во работата на Пица Џакомо, каде што целиот возен парк се состои од возила со погон на струја. Во разговор со сопственикот Воислав Спанџов дознаваме за предностите од овој радикален и храбар чекор. На поклониците на авангардата и на љубителите на животната средина, овие пици веројатно ќе им бидат уште повкусни. Ние го нарекуваме тоа умами на електричниот погон

Научниците дебатираат, политичарите ескивираат, приватниците работат. Точно така во моментов се поставени улогите околу прифаќањето и поттикнувањето на електромобилноста во делот од светската автомобилска сцена што ни припаѓа нам. Една домашна компанија сепак реши да не чека убедување од експертите, дека електричните возила во меѓувреме станале светска реалност – и направи пионерско остварување, коешто ќе се спомнува низ историјата.

Пица Џакомо 00002

Седум електрични автомобили шест електрични скутери моментно го сочинуваат возниот парк за достава на нарачки на Пица Џакомо

Веќе втор месец, пица во Македонија се доставува со електрични возила. Не едно или две, за колку да се каже, туку тринаесет возила што користат погон на електрична енергија. Тивко и без грам штетни материи во животната средина, исто како што почнуваат да практикуваат сé повеќе компании и служби ширум светот. Разговаравме со господин Воислав Спанџов, сопственик на Пица Џакомо, околу идејата електрични возила да се вклучат во работата на пицеријата, околу придобивките од погонот на струја и реакциите во јавноста.

Без разлика дали станува збор за 1.400 автомобили во јавниот возен парк на car2go, за 8.000 транспортери на Германската Пошта или за 13 автомобили и скутери на Пица Џакомо, главната причина за преоѓањето на погон на струја секогаш е економскиот аспект

Како што ни открива господин Спанџов, пред преоѓањето на сегашниот електричен возен парк, со седум автомобили и шест скутери со погон на струја, возилата во доставата на Пица Џакомо биле веќе стари и дотраени, станати премногу скапи за одржување. Покрај тоа, кај амортизирани возила секогаш постои можност да откажат, а тоа најмалку смее да се случи при доставата.

Пица Џакомо 00004

Еден од ретките моменти во кои двата вида електрични возила мируваат за фотографирање

Во тој поглед, електричниот погон е многу поиздржлив, со значително помалку подвижни делови кои се изложени на абење, но најважно, со драстично смалени оперативни трошоци. Дополнителна причина за електричниот погон било покажувањето грижа за животната средина. Во поглед на корпоративната одговорност, очигледно дека во „Џакомо“ се многу понапред од многу големи компании, кои (исто како јадењето пица) претставуваат дел од секојдневното живеење.

Од 800 денари дневно по возило, на само 70 денари! За возен парк со 13 возила следи заштеда …

Но, колку точно изнесува заштедата? Спанџов ги има точните, веродостојни и автентични вредности: „Заштедата е огромна! Ако старите возила трошеа по околу 10 литри гориво, што вклучувајќи ги одржувањето и амортизацијата нé чинеше околу 800 денари дневно по возило, електричните возила трошат по околу 70 денари индустриска струја за едно полнење, кое ни овозможува досег од околу 100 километри.“

Основните информации за „умами“ што го спомнуваме во нашиот наслов

Во натамошниот разговор со нашиот соговорник се потврдува дека повеќе станува збор за вешто смислена стратегија, отколку за каприц. Заштедата од електричните возила ќе се покаже дури по три години, затоа што за набавката на возилата е подигнат кредит. „Трошоците што досега ги имавме за одржување на стариот возен парк, отсега ги даваме за рати за отплата на кредитот,“ открива Воислав.

Електричните автомобили обично минуваат дневно меѓу 130 и 140 километри, вклучувајќи и стратегија за полнење преку ден

Доставата на пица во зимскиот период, „Џакомо“ ја врши исклучиво со електричните автомобили, кои минуваат по 130-140 километри дневно. Полнењето на батеријата трае 6 часови, но тоа не го попречува нормалното одвивање на работата, затоа што постои посебно разработен систем за полнење на батериите и во текот на денот, така што електромобилите може да се користат преку целиот работен ден.

Автомобилите се Jonway Urbee и набавени се преку штипската фирма „Хамачи“. Специјално за условите на работа во „Џакомо“, вграден е посилен мотор од стандардниот, како и литиум-јон батерии со повисок капацитет. Следат пофални зборови за соработката со Тони, сопственикот на „Хамачи“, кој се покажал како вистински партнер за реализација на проектот.

Специјална верзија за Пица Џакомо со посилен електромотор и понапредна литиум-јон батерија

Во специјалната верзија, цената на еден автомобил изнесувала 8.500 евра. Околу испораката исто така немало потешкотии, затоа што истата е реализирана за 45 денови. Кај повеќето производители на електрични автомобили се чека и по неколку месеци додека пристигне возилото. Во досегашните два месеци не се забележани недостатоци на електричниот погон, или воопшто, на возилата. Очигледно дека сé се сведува на добра организација и свесност дека се работи за различен погон од конвенционалниот.

Третиот аргумент за чистиот и евтин за возење погон: Препознатливоста. Секое појавување на електричните возила на улица, пред станбена зграда, деловна зграда, претставува своевидна реклама, мошне убедлива, покрај тоа. Многубројни компании во европските метрополи ги вклучија електричните возила токму заради тој „лесно“ стекнат публицитет.

„Промената почнува од нас!“

Возилата на струја се промовираат и преку социјалните мрежи, а се вклучени и во рекламите на радио станиците. Голем дел од граѓаните ги препознаваат електромобилите на „Џакомо“, но има и дел што го пропушта тој момент, затоа што нарачките се носат до врата. Впечатоците на господин Спанџов се позитивни и тој се надева дека и другите претпријатија или компании ќе се одважат и ќе решат да го следат овој голем чекор, порачувајќи до сите кои се бават со испорака на храна или пратки, дистрибуција, и општо компании со голем возен парк, „инвестирајте во Електрични автомобили, покажете грижа за животната средина. Промената почнува од нас!“

Најчувствителниот дел од целата оваа реалност на електричните автомобили, којашто многумина ги затекнува неподготвени, секако дека се однесува на самата набавка на електричните возила, односно на државата, којашто треба да одигра важна улога преку субвенционирање и привилегирање на возилата на струја. Посебно за компаниите.

Од Царина до Министерство за финансии, од Екологија до Град Скопје, субвенција само за автобуси со погон на гас, план во подготовка …

Идејата за еко-достава во Пица Џакомо постоела година и пол пред да се набават возилата. Долго време минало во барање помош од институциите на државата. Господин Спанџов ја раскажува оваа авантура: „Најпрво прашавме во Царината, дали би нé ослободиле од царина, доколку сами ги увеземе електричните возила, на што тие ни одговорија дека не постои таква законска можност.“

Потоа следи контакт со Министерството за финансии, од каде соопштуваат дека моментно не постои програма за таква помош и упатуваат во Министерство за екологија. Таму пројавуваат расположеност за излегување во пресрет на барањата, но во моментот биле во процедура на изготвување на таков план, кој уште бил предалеку од некаков датум за имплементирање.

Меѓуодредиште е Град Скопје, каде што имаат програма за субвенционирање само на автобуси кои се префрлени да користат гас како погонско гориво. Кога веќе се губи секаква надеж, се појавува оглас од Фондот за иновации и технолошки развој за микро, мали и средни претпријатија. „Закажавме состанок со лица од ФИТР на кој ја образложивме нашата идеја и ни рекоа дека имаме шанси за државна помош. Аплициравме и добивме грант од 30% за набавката на возилата“, раскажува Воислав.

Електричниот погон се покажа како „турбо“ за бизнисот на Пица Џакомо

Ете ги и ефектите: Бројот на нарачки е зголемен, вработени се уште двајца доставувачи, како и две диспечерки. Во план е синџирот да се прошири на уште една локација. Можеби во некоја следна фаза ќе се зголемува и возниот парк. Кој се надева дека ќе ја одбрани честа на „црното злато“, со прашањето околу јагленот што се користи доминантно за производство на електрична енергија во Македонија, тука ќе добие и соодветен одговор: „Склучивме договор со нов енергетски оператор, Соларпро, кој произведува струја од соларни панели, така што и струјата која ја користиме е чиста, односно не штети на животната средина.“

Пица Џакомо 00003

Пица Џакомо мошне рано се приклучува на трендот, но од друга страна, точно навреме. Несомнено е дека во блиска иднина ќе следат уште голем број сервиси за достава и секаков вид служби од областа на логистиката, кои ќе ги препознаат предностите на електричниот погон, во смалените оперативни трошоци, покажаната грижа кон животната средина и преку препознатливоста. Но, на „пионерите“ секогаш им следува екстра привилегија. Можеби наскоро уште некоја компанија ќе ги пушти своите електрични возила, патем да го рекламираат бизнисот, додека во исто време ја вршат својата основна функција. Јавноста, во овие возила и натаму ќе го препознава „Џакомо“.

Петстотини електрични Peugeot за жителите на Париз

Електрични тротинети за изнајмување во Лисабон

Како изгледа зимата за возачите на електричен автомобил

Електричните возила на најтивок, а најгласен собир во Скопје


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
1.5k shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format