за

Peugeot ја зголемува продукцијата на СУВ-модели во Европа

Peugeot зголемува продукција

Групацијата околу марката Peugeot покажа што значи моделска офанзива, откако претстави 11 нови СУВ-модели од петте марки – Peugeot, Citroën, DS, Opel и Vauxhall. Само овие модели во првото тромесечје се продале во околу 250.000 примероци. Соодветно на тоа порасна и уделот на PSA на пазарот на СУВ-модели во Европа, на 16,9 проценти.

Пазарот е ненаситен за нови СУВ автомобили, но тоа му донесе и слатки проблеми на Peugeot, односно на групацијата PSA. Производствените капацитети мора да се прошируваат, заради покривање на побарувачката на пазарот.

Следен новитет од групацијата е Citroen C5 Aircross чијашто продажба стартува во септември

Citroën C5 Aircross ќе се произведува во Рен, Франција, заедно со Peugeot 5008. Кога продукцијата во оваа фабрика ќе го достигне максимумот, Peugeot 5008 дополнително ќе се произведува во Сошо, Франција, заедно со Peugeot 3008 и Opel Grandland X. Тоа е планирано за март 2019 година.

Откако и продукцијата во Сошо ќе го достигне лимитот кон средината на следната година, во монтажата на Opel Grandland X ќе се вклучат и погоните во Ајзенах, Германија. Паралелно со овие стратешки потези ќе следуваат и нови вложувања во погоните.

Реализацијата на овие планови ја почитува спогодбата со петте француски синдикати од јули 2016 година, кои побараа продукцијата на автомобили во Франција да не спадне под еден милион. Соодветно се исполнети и барањата на германските работнички синдикати. Преселувањето на производството на Grandland X во Ајзенах ја докажува подготвеноста на групацијата PSA да инвестира во Германија, односно во Opel.

Вака изгледа производствената мрежа за СУВ-моделите од марките на PSA:

– Peugeot 2008, производство во Мулуз (Франција), Порто Реал (Бразил), Вухан (Кина)
– Peugeot 3008, производство во Сошо (Франција), Чулаи (Виетнам), Гурун (Малезија) и Валвис Беј (Намибија)
– Peugeot 4008, производство во Ченгду (Кина),
– Peugeot 5008, производство во Рен и Сошо (Франција), Чулаи (Виетнам) и Ченгду (Кина),
– C3 Aircross производство во Сарагоса (Шпанија)
– C4 Aircross, производство во Вухан (Кина)
– C5 Aircross, производство во Рен (Франција) and Ченгду (Кина)
– DS 7 Crossback, производство во Мулуз (Франција) и Шензен (China)
– Opel/Vauxhall Grandland X, производство во Сошо (Франција), наскоро во Ајзенах (Германија) и Валвис Беј (Namibia)
– Opel/Vauxhall Crossland X, производство во Сарагоса (Шпанија)
– Opel/Vauxhall Mokka X, производство во Сарагоса (Шпанија), во Бупијонг (Кореја)

Групацијата PSA моментно произведува автомобили во 17 фабрики во девет држави во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да го фотографирате автомобилот

Како најдобро да го фотографирате автомобилот за продажба

fiat 500

Fiat се враќа од САД и Кина: Останува само Jeep?