за

Peugeot започува сопствено производство на електромотори

Peugeot 208HYbrdFE

PSA основа заедничка компанија со Nidec, којашто ќе ги произведува електромоторите за идните модели со електрифицирана погонска спрега од Peugeot и од останатите марки во групацијата. Седиштето на Nidec-PSA emotors се наоѓа во Поаси, во близина на Париз. Тука ќе се конструираат и развиваат погонски електромотори. Заедничката компанија во којашто партнерите вложуваат вкупно 220 милиони евра ќе фигурира и како добавувач, односно ќе ги нуди своите електромотори за останатите производители на возила.

Четириесет инженери веќе работат во седиштето на компанијата во Поаси, на коишто до крајот на летото ќе им се придружат уште триесетина инженери. Електромоторите што ќе се конструираат во овој центар за истражување и развој ќе се произведуваат во фабриката на Peugeot во Тремери, во регионот на Мозел.

Групацијата околу марката Peugeot веќе неколку пати најави дека понудата од модели ќе вклучува варијанти со благ хибриден погон (MHEV), со електричен погон (EV) и со плагин хибриден погон (PHEV). До 2025 година, сите модели од сите марки во рамките на групацијата PSA ќе бидат достапни во една од трите верзии со електрифицирана погонска спрега.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3

Tesla ја пресели фабриката за батерии од Германија во Калифорнија

куќички на тркала

Во овие куќички на тркала никој не додева