за

Првиот техничар на Peugeot си замина, на негово место човек од Opel

Првиот техничар на Peugeot си замина на негово место човек од Opel
Првиот техничар на Peugeot си замина на негово место човек од Opel

Кристијан Милер (51), моментно шеф за развој во Opel, од 1-ви август го презема раководењето со одделот за конструирање на погонски системи и подвозје во концернот PSA, каде што припаѓа германската марка.

Новиот главен техничар доаѓа на местото на Ален Рапосо, кој ја напушта компанијата по сопствена волја и планира да им се посвети на личните проекти. Наследник на Милер во Риселсхајм ќе биде Маркус Лот (520, моментно заменик претседател за опрема и материјали.

Кристијан Милер е роден во Риселсхајм, има студирано машинство на Универзитетот Дармштат. Тој е директор на одделението за инженеринг во Opel Automobile GmbH од август 2017 година. Милер претходно бил заменик претседател во GM за развој на погонски системи во Европа.

Mokka: Уште еден Peugeot маскиран во Opel

Opel-Mokka-e
Opel-Mokka-e

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Taycan ќе добие „основна“ верзија со заден погон

Porsche Taycan ќе добие „основна“ верзија со заден погон

Volkswagen Tiguan new

Volkswagen Tiguan со хибрид, со R-верзија и нов кокпит