за

Peugeot подигна уште три милијарди кредит поради кризата од корона

Peugeot подигна уште три милијарди кредит поради кризата од корона
Peugeot подигна уште три милијарди кредит поради кризата од корона

Францускиот производител што го има Opel под својот покрив и планира спојување со Fiat Chrysler, подигна дополнителен кредит во висина од три милијарди евра, поради кризата од корона.

Концернот на Peugeot, Citroen, DS и Opel, а по кризата веројатно и на Fiat и Chrysler, мораше да го зголеми својот простор за финансиско делување и обезбеди уште една кредитна линија, поради пандемијата од вирусот корона. Производителот на автомобили ја зголеми својата финансиска сигурност со уште еден конзорцијален кредит во висина од три милијарди евра.

Со оваа кредитна линија, којашто ќе се реализира во следните 12 месеци и може двапати да се продолжи за по три месеци, кредитната рамка сега се искачи на вкупно шест милијарди евра.

Како што соопшти кон крајот на минатиот месец, францускиот производител на автомобили повторно ќе ги пушти во работа своите фабрики, кои се затворени поради пандемијата од Ковид-19. За таа цел ќе се изработи посебна стратегија, иако засега не се поставени точни датуми.

peugeot-208-premiera-skopje
Од македонската премиера на Peugeot 208

Производителот на Peugeot, Opel и други марки, во средината на март целосно затвори 15 фабрики ширум Европа. Мерката ги опфати и погоните во Риселсхајм и Ајзенах, коишто претходно му припаѓаа на Opel. Затворени се и фабриките во Шпанија, Франција, Португалија, Велика Британија и во Словачка.

Еуроимпекс ја претстави новата генерација на Peugeot 208

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бетономешалка со електричен погон од Liebherr

Првата бетономешалка со електричен погон доаѓа од Liebherr

Tesla изработи респиратор од автомобилски делови

Tesla изработи респиратор од автомобилски делови