за

Електромоторите за Peugeot и Hyundai пристигаат од Vitesco

vitesco elektromotori psa hyundai
vitesco elektromotori psa hyundai

Поранешниот огранок на добавувачот Continental, специјализиран за погонски решенија, Vitesco Technologies, ги испорачува целосно интегрираните електрични погонски оски за повеќе големосериски модели со погон на струја на концернот PSA и на Hyundai.

Производството на модулите што се испорачуваат готови за вградување се одвива во фабриката во Тјанџин, Кина. Францускиот концерн го вградува погонскиот систем од Vitesco во Peugeot e-208 и во Opel Corsa-e. Hyundai, пак, системот ќе го вградува во СУВ-моделот Encinco, кој е производ на заедничката компанија Beijing Hyundai, како и во лимузината Lafesta, наменета за кинескиот пазар.

Производителот најави дека електричните погонски оски во следните дванаесет месеци ќе почнат да се вградуваат во уште голем број други модели, меѓу другото и во „соларно-електричниот“ Sono Sion.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW M4 Coupe M Heritage carbon colour

BMW разви посебна техника за бојадисување карбонски покрив

Nissan Leaf 4R Energy reciklirani baterii 1

Нобелова награда за хемија за тројца научници за литиум-јон батериите