за

Peugeot ги објави цените за своите хибриди: 50.000 евра за 3008 Hybrid4

PEUGEOT Plug_In Hybrid
PEUGEOT Plug_In Hybrid

Peugeot започнува со продажба на трите модели со плагин хибриден погон. Компактниот СУВ со електромотор чини 50.800 евра на германскиот пазар, цената на лимузината и комбито Peugeot 508 е незначително пониска.

Три нови модели со плагин, односно приклучен хибрид се придружуваат во понудата на Peugeot. Компактниот СУВ, Peugeot 3008 GT Hybrid4, чини 50.800 евра на германскиот пазар. Лимузината од средната класа Peugeot 508 стартува од 44.000 евра, но цената важи за пониското ниво на опрема Allure и без погон на сите тркала. За комби изведбата 508 SW, купувачите на најголемиот пазар за автомобили во Европа ќе мора да префрлат најмалку 45.100 евра на сметката на францускиот производител.

Погонската спрега во Hybrid и во верзијата со погон на сите тркала Hybrid4 ја сочинуваат 1,6-литарски бензинец, електромотор и батерија со капацитет од 11,5 kWh во Peugeot 508, односно 13,2 kWh во СУВ-моделот. Бидејќи двата модели користат иста платформа, батеријата е позиционирана идентично, односно под задната клупа. Зафатнината на багажникот не се менува. Хибридните модели поседуваат посебна изведба на осумстепениот автоматик на Peugeot.

Системската моќност на Peugeot 3008 GT Hybrid4 изнесува 300 КС: Бензинецот испорачува 200 КС, предниот електромотор 110 КС, задниот 112 КС. Само на струја, моделот минува до 55 километри.

Лимузината и комбито Peugeot 508 поседуваат системска моќност од 225 КС. Бензинецот испорачува максимално 180 КС, додека предниот електромотор е ист како во СУВ-моделот и асистира со најмногу 110 КС. Досегот при погон на струја изнесува најмногу 54 километри.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi произведе даска за сурфање од пластичен отпад

Audi произведе даска за сурфање од пластичен отпад

motor v8 ford mustang sostavuvanje kit

Мотор V8 од Ford Mustang за в дневна соба