за

Спојувањето меѓу Peugeot и Fiat може да се одложи

Спојувањето меѓу Peugeot и Fiat може да се одложи
Спојувањето меѓу Peugeot и Fiat може да се одложи

Автомобилските компании Fiat Chrysler Automobiles и PSA Group лани најавија рамноправно партнерство. Од спојувањето се очекува да произлезе четвртиот по големина производител на автомобили во светот. Но, се појави проблем. Европската Комисија цени дека уделот на заедничката компанија на пазарот на лесни доставни возила ги нарушува условите за конкурентност.

Двете компании произведуваат лесни доставни возила во рамките на заедничкиот проект Sevel. Компанијата е со седиште во Италија и претставува најголема фабрика за монтажа на доставни возила во Европа. Пред корона-кризата, таму се произведуваа 1.200 возила дневно. Со спојувањето на Fiat Chrysler Automobiles и PSA Group, нивниот заеднички удел на пазарот на лесни доставни возила би изнесувал 34 проценти. Тоа е далеку над уделот на Renault и Ford од по 16 проценти, потоа од 12-те проценти удел на Volkswagen и од 10-те проценти на Daimler.

Европската Комисија изрази сомневање дека преклопувањето на бизнисот на двата субјекти (на Sevel и на компанијата што ќе произлезе од спојувањето меѓу FCA и PSA) ќе биде удар врз конкуренцијата. Тие им дадоа рок од два дена на PSA и на FCA, да објаснат дека нивните планови нема да ја нарушат или спречат конкурентноста на пазарот, односно ќе овозможат исти услови на конкуренција за сите производители на автомобили.

Доколку Fiat и Peugeot не успеат да ја убедат Комисијата, таа ќе поведе четиримесечна истрага

Во случај PSA и FCA да не ги оправдаат своите планови пред Европската Комисија, таа ќе го блокира спојувањето и ќе започне сопствена четиримесечна истрага. Партнерството меѓу итало-американскиот и франко-германскиот автомобилски производител би помогнало да се надмине ослабнатата продажба и да се намалат трошоците за развој на возила со почиста или со нулта емисија на штетни гасови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche пушта турбо-смени да надомести за паузата

Porsche пушта турбо-смени да надомести за паузата

Така изгледаа немирните години на Toyota RAV4

Така изгледаа немирните години на Toyota RAV4