за

Peugeot e-Legend прикажува висока мода на салонот во Париз

Peugeot e-Legend Concept

Купе во стилот на Peugeot 504 не се појавува толку случајно, откако Французите го активираа иницијалното полнење со ретро-елементите кај новиот 508. Купе пристига со сигурност, Peugeot e-Legend не остава простор за сомнеж

Peugeot на салонот во Париз (2-ри до 14-ти октомври) ќе претстави визија за купе со електричен погон, коешто се ориентира според стилот на легендарниот Peugeot 504 Coupe. Оттаму произлегува и името за дизајнерската студија, e-Legend Concept. Со по еден електромотор на секоја оска се постигнува системска моќност од 462 КС и вртежен момент од 800 њутнметри. Енергијата пристига од батерија со капацитет од 100 kWh.

Спринтот до темпо сто трае помалку од четири секунди, крајната брзина е ограничена на 220 километри на час. За досегот се наведуваат 600 километри. Преку индуктивно полнење и користење брзи полначи со висока моќност, батеријата за само 25 минути се полни со енергија за следните 500 километри.

Peugeot e-Legend Concept 6

Peugeot e-Legend Concept нема за цел да импресионира со техниката на електричниот погон, туку со дизајнот. Покрај многуте детали во коишто се препознава врската со купе-легендата, на Peugeot 504 Coupe потсеќаат и формата и масивноста на стаклените површини. Во долниот дел од задниот прозорец е поставен дисплеј, на когошто возачот и сопатниците добиваат поздравна порака додека се приближуваат кон возилото. На истиот дисплеј се прикажува и наполнетоста на батеријата. Вратите се отвораат преку сензори, кои исто така се наоѓаат во подрачјето на задното стакло.

На седишта со мемориска пена можат да се сетат само Французите

Дебелиот и скап велур на седиштата, во сина боја, непогрешливо потсеќа на оригиналот од доцните 1960-ти години. Истото важи и за формата и изведбата на седиштата. Во ова комотно опкружување сепак владее дигиталната техника. Концептниот автомобил располага со дури 16 дисплеи. Заоблен дисплеј од 49 инчи или близу 125 сантиметри го покрива целиот средишен појас во кокпитот. Во вратите се наоѓа по еден дисплеј од 29 инчи, а дисплеи од 12 инчи се наоѓаат и во штитниците за сонце.

Средишната конзола се издигнува пред седиштата и сервира само два елемента за ракување: Вртлив бирач и дисплеј на допир од 6 инчи. Лево од воланот се наоѓаат преклопници, на коишто може да им се придадат најразлични функции.

Peugeot e-Legend Concept 2

Peugeot e-Legend Concept поседува две автономни и две мануелни програми за возење. Во мануелниот модус за крстосување се појавуваат три дигитални инструменти, коишто потсеќаат на стилот на 504 Coupe. Од јангтајмерот што е на списокот на желби на многумина ентузијасти потекнува и дрвото околу инструментите, со таа разлика што и дрвото денес е дигитално, но само во тоа подрачје. На воланот, по целата кабина и во средишната конзола, доволно е добро и природното дрво.

[FAG id=35140]

Автомобилите на Peugeot во 2020 година буквално ќе ги слушаат наредбите од возачот

Peugeot 508 против Volkswagen Arteon на споредбен тест на Ауто Билд

Peugeot Partner од првата генерација уште се продава во Бразил

60 години на Peugeot 403 Cabriolet: Aвтомобилот на инспектор Колумбо

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електричните возила во е-конвој, скопје

Електричните возила на најтивок, а најгласен собир во Скопје

ауто мотор унд спорт Аутонис 2018

Читателите на „ауто мотор унд шпорт“ гласаа за најубав автомобил