за

Вистинските автомобили на годината се Porsche Taycan и Tesla Model 3

Peugeot 208 автомобил на 2020 година во Европа
Peugeot 208 автомобил на 2020 година во Европа

Сите честитки за победата на Peugeot 208 во изборот за автомобил на 2020 година, но таа беше сосем очекувана. Вистинскиот исход од гласањето на европските експерти е пласманот на двата парадни коњи на електромобилноста, Porsche Taycan на третото и Tesla Model 3 на второто место.

Peugeot 208 победи во изборот за европски автомобил на годината, со 281 бодови и со 17 највисоки оцени од жирито. Исто толку пати бил одличен и второпласираниот модел во изборот, меѓутоа останатите членови на жирито не биле толку одушевени, како од францускиот градски автомобил, па неговиот збир дал 242 бодови. Станува збор за Tesla Model 3, тој е вториот најдобар автомобил на 2020 година.

Третото место е за автомобил што пред една седмица пишуваше историја и во салонот на Порше Македонија. Porsche Taycan, најелектричниот од сите електрични автомобили е трет, со 222 бодови. Тоа е голема симболика, кога два електрични модели ги освојуваат највисоките позиции во трката за престижната европска награда. Тука сепак се ценат авангардата, техничкиот напредок. Но, тоа може да биде и уште поубедливо: Peugeot 208 исто така е достапен во електрична изведба. Значи, апсолутно владеење на погонот на струја во Европа.

Останатите четири финалисти се пласираа вака: Renault Clio (211 бодови), Ford Puma (209), Toyota Corolla (152) и серијата 1 на BMW со 133 бодови.

Прогласувањето на победниците требаше да се случи во многу помасовен обем, како традиционален чин на отворање на салонот во Женева. Поради вирусот корона и забраната за собири од швајцарсктие власти, салонот се откажа. Организаторите сепак дозволија овој значаен настан да се одржи во предвиденото време и на предвиденото место, но без бројна публика, со пренос на јутјуб.

Лани исто така победи електричен автомобил, Jaguar I-Pace.

Porsche Taycan
Porsche Taycan

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Automobili Pininfarina Battista Anniversario

Pininfarina го има најбрзиот италијански автомобил во историјата

Хит-кросоверот Kia XCeed ги доби основните моделски изведби

Хит-кросоверот Kia XCeed ги доби основните моделски изведби