115
51 shares, 115 points

Новиот Peugeot 508 стартува со продажба во октомври. Спортски и елегантен, чист според најстрогите норми за издувни гасови. Но, дали големиот лав може да ги преплаши конкурентите Audi A5, Renault Talisman или VW Arteon?

Тестот на клубот АДАК го пренесуваме во целосната форма

Божествено возење во Франција? Во последниве години, на француските лимузини не им успеваше да го постигнат луксузот од старите времиња. Додека германската канцеларка ги пречекува своите државни гости со серијата 7 на BMW или Audi A8, Саркози и останатите се сместуваа во Renault Vel Satis, Peugeot 607 или Citroen C6. Бидејќи овие модели повеќе не се произведуваат, Макрон при својата инаугурација мораше да го поздравува народот исправен низ сончевиот покрив на DS7 Crossback. Малкумина знаеја дека дури и овој огромен СУВ од новата марка на PSA, како луксузна варијанта на Citroen, не се произведува во Франција, туку во Кина.

Откако Peugeot се збогува со вишата средна класа по заминувањето на убавиот „607“, помалиот „508“ стана нов знаменосец на марката со лавот. Од втората генерација се очекува да биде подобра во сé, со нов изглед, најмодерни системи за асистенција, вклучувајќи и ноќно гледање, до квалитетен дигитален кокпит.

Кожа, клавирски лак, вистинско дрво – сé е од најфина сорта

Изгледот не би требало да е пречка за успехот, затоа што дизајнот на 508 се вклопува во трендот на купе-лимузините. Динамичната линија со впечатлива маска, ниски прозорци без рамка и кус опаш, создава елегантна силуета. Пропорциите го потврдуваат тоа. Со висина од само 1,40 метар, Peugeot е мошне низок, а воедно е за дури осум сантиметри покус од претходникот. Сите дизајнерски елементи изгледаат добро и кога ќе се погледат одблизу, и во секој поглед може да се споредуваат со изгледот на Audi A5 или VW Arteon.

Peugeot 508 test_image 22

Во зависност од нивото на опрема, возачот наидува на материјали со висок квалитет во внатрешноста: Мека кожа, клавирски лак, алкантара и вистинско дрво – сé е од најфина сорта. Убаво изгледа и дигиталната инструмент-табла со можност за дотерување по желба, со шест различни модуси и со средишно поставен дисплеј на допир. Преку него се врши речиси целото ракување. Но, тоа може да биде и мошне мачно, на пример кога треба да се направи најобично местење на температурата, на потопло или постудено. Покрај тоа, дисплејот е далеку, зад седум преклопници, кои лесно се притискаат ненамерно кога треба да се вклучи нешто преку дисплејот.

Поради малиот волан се сокриени рачките зад него

Лесно е привикнувањето на малиот волан на Peugeot, којшто во сите нови модели се наоѓа под големиот дисплеј. На тој начин се добива подобра прегледност врз инструментите. Но, остануваат недостатоците. Рачките се губат зад воланот, поради што важните функции на темпоматот или на светлата може да се вклучат само на слепо. На возачите што сакаат да го спуштат седиштето до крај, горниот дел од обрачот на воланот им ги прикрива важните информации.

Peugeot 508 test_image 3

Маркантно ниската каросерија има и функциски недостатоци, поради кои автомобилот не може да се користи како државничка лимузина. Патниците седнуваат назад со многу гимнастика и со голема шанса да добијат змучка. Внатре, пак, во просторот за нозе недостигаат осумте сантиметри, коишто ѝ се одземени на новата генерација. Багажникот навидум е голем, со зафатнината од 487 литри, но поради ниската форма, за долгите патуивања може да се користи само со добро извежбана техника на складирање.

Подвозјето работи стегнато, но не и некомфорно

На тие што не гледаат проблеми во овие ограничувања, Peugeot им нуди добро избалансиран и хармонично дотеран автомобил. Звукот останува пријатен и при повисоки брзини, и покрај тоа што стаклата немаат рамка. Амортизацијата работи стегнато, но не и некомфорно. Управувањето овозможува чиста линија и при побрзо возење во свијоци, а речиси сите мотори стандардно доаѓаат во комбинација со новиот и мек 8-степен автоматик.

Во моторите, Peugeot 508 става повеќе нагласок на дизелите, што е храбра одлука во актуелната ситуација. Во секој случај, сите мотори, вклучувајќи ги бензинците, задоволуваат Euro-6d-Temp, што е гаранција за иднината. Од четирите понудени дизели со зафатнина меѓу 1,5 и два литри, најразумен избор е дволитарскиот дизел со 160 КС.

Peugeot 508 test_image 27

Во доброто ниво на опрема Allure, оваа верзија чини 38.450 евра (во Германија), што е 4.000 евра поскапо од малиот 1,5-литарски дизел. За цената да биде пониска, тој се нуди со мануелен менувач со 6 степени. Но, токму во оваа конфигурација се забележува постоењето на турбо-дупката. Дволитарскиот дизел се нуди и со 180 КС. Но, во тој случаj мора да се посегне по врвното ниво на опрема GT, за што треба да се плати најмалку 46.450 евра.

Наскоро пристига и изведба со плагин-хибиден погон

Двата бензинци од 1,6 литар, стандардно со автоматик и филтер за честички, почнуваат од 180 КС и со цена од 34.750 евра за најевтината варијанта Active. За верзијата со 225 КС се потребни најмалку 45.600 евра, затоа што и таа е достапна само во GT-нивото, исто како големиот дизел. Кој не го сака тоа ниво, без проблеми може да се реши за помалиот мотор, затоа што и двете верзии работат смирено и доволно се моќни. Наскоро ќе има и плагин-хибридна верзија.

Peugeot 508 test_image 10

Peugeot нуди комплетна палета за безбедно возење – почнувајќи од асистент за сопирање во итен случај (во серија), преку помош за паркирање (во пакет) до темпомат со функција за следење колона во застој (750 евра). Необично за средната класа: Системот за ноќно гледење (1.200 евра), којшто преку инфрацрвена камера ја прикажува ситуацијата на патот во комбинираниот инструмент.

Французите сакаат Peugeot 508 да се вмеша на пазарот на бизнис-лимузините

Со ваквата понуда, Французите сакаат да ја оправдаат намерата да го позиционираат новиот 508 малку повисоко, меѓу бизнис лимузините, кадешто владее жестока конкуренција. Намерата може да им успее, особено кога раководителите на возните паркови треба да набават колку е можно подостапни, а сепак претставителни лимузини.

Peugeot 508 test_image 19

Шансите се помали во фирмите кадешто службениците сами го избираат својот автомобил. Таму честопати се внимава на интерниот имиџ на фирмата, поради што постојано се избира BMW, Mercedes и Audi. На сето тоа, обично се избира и најсилниот мотор.

Токму тука постои слабост во понудата. Peugeot нуди штедливи мотори, кои совршено одговараат на карактерот на 508, но не се издвојуваат од масата. За пазарот на службени или државнички лимузини, Французите мораат да понудат уште посилни мотори. Тогаш, лавот не само што ќе лае добро, туку и гласно.

Оцени на клубот АДАК

+ Добра завршна изработка, штедливи мотори, стегнато-комфорно подвозје, погодено дотерување на управувањето, добро степенуван 8-степен автоматик, пријатна звучна кулиса, многубројни системи за асистенција во серија

– Неудобен пристап назад, ракувањето е проблематично во одредени подрачја, лоша прегледност наназад и косо наназад, низок багажник

Peugeot 508

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

115
51 shares, 115 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743