128
19 shares, 128 points

Само неколку месеци по лимузината, Французите ја прикажуваат и комби изведбата од моделот од средната класа Peugeot 508, со вообичаениот додаток SW во ознаката. Впечатливиот дизајн е стратешки потег, затоа што Peugeot 508 SW треба да се избори за своите купувачи во време кога сите автомобили стануваат СУВ

Peugeot 508 SW повеќе е стилски универзалец отколку транспортер, иако и вторава улога ја извршува примерно. Француското комби од средната класа има само неколку европски пазари во визир, оние кадешто лимузините и комби моделите учествуваат подеднакво во продажниот микс.

SW вешто го привлекува вниманието, како „спортско комби“ во најдобрата традиција на Shooting Brake-верзиите од благородните британски марки. Надградбата врз опашот тука повеќе е стилска предност, отколку недостаток. Петката на Peugeot прави спој на елеганција и практичност којшто ќе им се види неодолив на возачите што поседувале комби во оваа класа.

Avant и T-Modell ќе мора да покажат повеќе талент покрај Peugeot 508 SW во ваква форма

Со намерата на Peugeot да се постави како премиум марка во сопствената групација PSA, конкурентските Avant или T-Modell на Audi и Mercedes ќе мора да прикажат повеќе талент покрај новиот 508 SW. Ако француската марка треба да се повика на традицијата, ниту тоа не е проблем. Пред половина век, Peugeot 504 Break отвори дотогаш сосем непознати перспективи.

Peugeot 508 SW 3

Во споредба со претходникот, новиот Peugeot 508 SW е понисок за цели 6 сантиметри, што се должи на специјалниот дизајн на кровните носачи за багаж. Со 4,78 метри, каросеријата е за три сантиметри подолга од актуелната лимузина, но пет сантиметри покуса од претходниот модел.

Убав и редок „гест“ е отсуството на рамки на прозорците. Тридимензионалните диодни светла назад се преземени од лимузината, со сјајна црна лента што ги спојува во целина. Хромираната и двојна издувна цевка е уште еден детал што ги погодува во душа фановите на оваа каросериска форма.

Практичноста е „вештина“ со којашто француските марки владејат одлично

Багажникот има зафатнина од 530 литри или 30 литри помалку од моделот во заминување, но е жртва што вреди во секој случај, заради стилскиот израз. Товарниот раб е 6 сантиметри пониско отколку кај лимузината. Клупата се соборува во еден потег, со рачки во багажникот, по што се добива товарен простор од 1.780 литри.

Во седиштата со сертификат за здрав грб јасно има вмешано прсти новата марка во групацијата, Opel. Масажа во пет точки е достапна како опција. Задната клупа се наведнува за 27 степени. Просторот за глава е четири сантиметри повисок од лимузината. Џиновскиот панорамски покрив во пежоовски стил е заокружување на чувството во кабината.

Прв во сегментот, Peugeot 508 SW нуди систем за ноќно гледање со инфрацрвена камера. На тоа следи „вообичаениот“ пакет од десетина, а веројатно и повеќе системи за асистенција, и уште толку системи за конективност.

Peugeot 508 SW 19

Изработено врз платформата EMP2, комбито е за околу 70 килограми полесно од претходникот. За тоа придонесуваат и неколку нови технологии на изработка, меѓуи другото и спојување со лепење. Помоќните мотори располагаат со држачи со амортизер, а како стандард во верзијата GT следи и приспособлива амортизација. Новиот осумстепен автоматик е достапен со повеќето погонски единици.

Peugeot 508 SW е достапен со два турбо-бензинци PureTech, со зафатнина од 1,6 литар и моќност од 180 и 225 КС, секогаш во комбинација со автоматик. Дизелите располагаат со зафатнина од 1,5 и 2,0 литри, во верзија со 130 или 160 КС, односно 180 КС. Единствено основниот дизел е достапен со мануелен менувач. Сите мотори го исполнуваат стандардот Euro6.d temp којшто стапува на сила во јануари 2020, вредностите на потрошувачката и емисијата на СО2 исто така се измерени според новата процедура WLTP.

Во втората половина од 2019 година пристига и плагин-хибрид, со електричен досег до 50 километри според новиот циклус. Производството е во фабриката во Мулуз, заедно со лимузината, со печат „Origine France Garantie“.

Премиерата на Peugeot 508 SW ќе биде на салонот во Париз, а испораките на европскиот пазар стартуваат веќе во следниот јануари.

Peugeot 508 SW

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
19 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743