за

Peugeot 508 SW стартува во специјална серија „First Edition“

Peugeot 508 SW First Edition

Peugeot 508 од почетокот на следната година ќе биде достапен и во комби изведбата SW. Некои пазари ја избираат оваа каросерија пред лимузината. За стартот има и специјална серија

Peugeot 508 SW, кој штотуку имаше светска премиера на салонот во Париз (до 14-ти октомври), при стартот на продажбата во почетокот на следната година ќе биде достапен во специјална серија во ограничен број примероци First Edition. Стилското комби го користи како основа нивото на опрема GT и се препознава по сјајно црната рамка околу маската, како и по двобојните бандажи од 19 инчи. Купувачите можат да избираат меѓу две бои на каросеријата – бисерно бела и амазон сива.

Peugeot 508 SW First Edition 7

Печатот на специјалната серија е уште повеќе присутен во внатрешноста. Французите користат украсни панели од дрво со таканаречен зебра-дизајн во арматурната табла, во средишната конзола и во вратите. Седиштата се обложени со кожа во црна или црвена боја, со штепови во бакарна боја, како заштитен знак на специјалната серија.

Систем за ноќно гледање до растојание од 200 метри како сериска опрема во „првата берба“ на Peugeot 508 SW

Дисплеј на допир од 10 инчи во средишната конзола е стандард, исто како и црниот таван, амбиенталното осветлување со диодни светилки, алуминиумските педали и плочките на праговите со натпис „First Edition“. Во серискиот обем на опрема спаѓаат и систем за ноќно гледање, врвно аудиофилско озвучување од Focal и под на багажникот, којшто е обложен со зебрано-дрво и поседува посебни шини за лизгање на багажот.

Од погонските единици може да се избира меѓу бензинскиот 508 SW First Edition Puretech 225 Stop & Start, со цена од 51.800 евра на францускиот пазар, и дизелскиот 508 SW First Edition BlueHDi 180 Stop & Start со цена од 52.650 евра. Обете погонски единици се комбинирани со осумстепен автоматски менувач.

Peugeot 508 SW First Edition 6

Само дванаесет европски држави го нудат „првото издание“ на комбито. Во повеќето од овие држави, комби каросериските варијанти се продаваат исто, или дури и повеќе од класичните лимузини. Нарачките ќе се одвиваат онлајн, преку специјалните веб-страници коишто се поставени за лимитираната серија на Peugeot 508 SW. Преку електронски потпис, купувачите можат да склучат договор со дилерот на Peugeot користејќи ја само веб-страницата, без потреба од „физичка“ посета. При нарачката може да се земе предвид и цената на постоечкиот автомобил на купувачот.

За конечно потврдување на купувањето, сепак е потребно да се посети најблискиот дилер на Peugeot. Пред да пристигне автомобилот за испорака, на домашната адреса на купувачот се испраќаат специјални слушалки од Focal, коишто специјалистот за аудио-опрема ги изработи посебно за првата серија од 508 SW.

[FAG id=35374]

Peugeot најпродавана марка на францускиот пазар во септември

Peugeot 508 премиерно пред македонската публика

Peugeot му дава шарм на хибридниот погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche slikonvnica_n

Porsche има и детска сликовница за јубилејот

mercedes fabrika baterii sad

Mercedes гради фабрика за батерии во САД