137
39 shares, 137 points

Увозникот Еуроимпекс ги искористи своите позиции кај принципалот и на македонската публика и’ го претстави новиот Peugeot 508 уште пред официјалиот почеток на продажбата. Автомобилот го заслужува сето внимание

Ако на автомобилските марки може да им се познае расположението, тогаш Peugeot мора да е во еуфорично славење. Стратегијата со СУВ-моделите се погоди, повторно паѓаат рекорди, а се чини и Opel конечно се вдоми во вистинскиот концерн и се очекува да покаже профит. Во истиот контекст, ако некој од моделите најверно го прикажува моментното расположение на француската марка, тоа мора да е Peugeot 508.

Peugeot 508, premiera Makedonija 2

Тоа што новиот модел на Peugeot од средната класа доживува македонска премиера непосредно пред официјалниот почеток на комерцијализацијата, којшто ќе се служи паралелно со отворањето на салонот во Париз, во Еуроимпекс сигурно нема да го формулираат така, но пораката што допре до гостите и претставниците од медиумите како да беше следнава: „Навистина сме големи.“ Големината во случајов значи пазар од 14 милиони жители, когошто Еуроимпекс го покрива како генерален застапник за Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Познавачите на македонската автомобилска сцена ќе се присетат дека Еуроимпекс е првата компанија од автомобилскиот сектор во Македонија, основана уште во 1990 година. Оттогаш компанијата има продадено над 20.000 возила или далеку повеќе од историски највисоката годишна продажба на сите марки на нашиот пазар.

Продажбата на Peugeot 508 на македонскиот пазар официјално стартува кон крајот на декември

Во атмосферата што ја создава Peugeot 508 со своето појавување на сцената, најчисто се наѕираат времињата на Peugeot 405 Mi16, на Peugeot 406 Coupe, на „HDI“. Во стилот, пак, овој автомобил ги сервира обележјата на Peugeot 504, коишто јасно ќе ги препознае секој фан на марката.

Оваа лимузина како купе и купе како лимузина, модерна, а ретро во толку многу детали, речиси одважно укажува дека Peugeot ѝ е непходен во ваква форма на автомобилската сцена. Француската марка со Peugeot 508 останува надвор и понапред од вообичаените рамки, ова е најуверливата констатација дека без „лавот“, автомобилската сцена би била премногу здодевна, кога ќе се остави марките да се копираат едни со други.

Добредојде, Peugeot 508!

Изјавите од менаџментот на Еуроимпекс:

Кирил Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс, за 20-те илјади продадени возила: „Toa e бројка од задоволни клиенти на која сме неизмерно горди! Број кој укажува на сите факти за успешноста и умеењето на раководење со бизнисот, број кој нé става на прво место на листата на импортери во Македонија и број кој во иднина секако ќе се потрудиме рапидно да се зголемува!“

Даниел Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс: „Пред 4ри години, брендот го промени врвното раководство, а со тоа се промени и нашата стратегија. Во минатата 2017-та година, остваривме извонредни резултати! Брендот постигна нови рекорди и бележиме историска продажба со над 2.000.000 продадени Peugeot возила во светот! Минатата година, продажбата беше фокусирана на SUV сегментот што резултираше со 600.000 продадени Peugeot SUV возила.“

Томислав Нафидов, регионален директор на продажба во Еуроимпекс: „Новиот 508, не е наследник на истоимениот модел. Тој е сосема ново возило, олицетворение на една нова визија и влез во целосно нова ера. Ера на технологија, на автономност, на моќ сплотена со елеганција и комфор. Креиран за ваше целосно задоволство.“

Peugeot му дава шарм на хибридниот погон

АДАК го тестираше новиот Peugeot 508

PEUGEOT 508 SW ги става СУВ-фановите на мисла

Peugeot 508 против Volkswagen Arteon на споредбен тест на Ауто Билд


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
39 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743