за

Француското трио што се прослави со комфорот пред 50 години

peugeot 504 polovina vek

Ова трио модели има најголема заслуга за градењето на имиџот на француските автомобили како комфорни крстосувачи. На Peugeot 504, Renault 16 TS и Citroen DS 21 не им беа потребни големи мотори со шест или осум цилиндри да го убедат светот во своите квалитети. Тие поседуваа карактер што беше посилен од техниката.

Кој бараше комфорен автомобил пред половина век, избираше меѓу Peugeot, Renault или Citroen. Тука немаше двоумење. Во комбинација со напредна техника, знаменосците Peugeot 504 и Renault 16 TS поставија врвни стандарди во средната класа. Кај Citroen ништо не се смени, DS остана неприкосновен во класата погоре, меѓу луксузните крстосувачи.

Марките во 1960-те години почнуваат да применуваат индивидуален пристап во дизајнот и развојот на новите модели

Ајкулата“ во тие години ја доживуваше својата кулминација, откако доби свежа техника и се појави во топ-верзијата DS 21. Од денешно гледиште е тешко да се поверува дека големиот Citroen уште беше недостижен за повеќето нови модели, иако основата му датираше од 1955 година. Пред крајот на 1960-те години се појавија уште неколку модели со посебен печат, како NSU Ro 80, Volvo 144/164 и Saab 99.

Иако во тоа време има изминато речиси деценија и пол од премиерата, Citroen DS уште им се спротивставува на поновите модели. Со свежа техника и светла што го следат свијокот, во 1968 година се појавува DS 21

francusko trio 50 godini 11

Кусо пред да биде испорачан едномилионитиот примерок, Citroen доби двојни светла, оние легендарните што се вртеа во свијоци. Покрај скапоцените верзии DS Pallas и DS Prestige, дури и најпрестижните модели од конкурентските марки изгледаа како да се десет години постари.

Големината на DS беше во неговата достапност, врвната изведба беше четирипати поевтина од Mercedes 600

Со меѓуоскино растојание од 3,13 метри и со сензационален комфор, благодарение на хидропневматската амортизација, единствено Mercedes 600 можеше да му парира на легендарниот француски автомобил. Но, идејата за споредба на двата модела веднаш паѓаше во вода, затоа што германската лимузина беше четирипати поскапа од DS 21. Најголемиот квалитет на големиот Citroen беше токму во тоа што можеа да си го дозволат и добро ситуираните семејства и франкофилските уметнички души.

Renault 16 понуди просторност на луксузна лимузина во спој со можност за претворање во „товарно возило“ – петтата врата промени многу работи

francusko trio 50 godini 2

Renault 16, претходникот на сите комбилимузини со пет врати, беше веќе три години на пазарот, кога во 1968 година ја доби верзијата со моќен мотор и со ознаката TS којашто ветуваше многу престиж. Со 1,6-литарец со 83 КС, знаменосецот на Renault постигнуваше 160 km/h. Со доплата за електрика за прозорците или сончев покрив, возачите на R16 можеа да уживаат во луксуз каков што дотогаш можеше да се доживее само во лимузините од највисоката класа.

Но, вистинската сензација на Renault 16 беше во должината на каросеријата. При надворешна должина од само 4,26 метри и меѓуоскино растојание од 2,65 метри, патниците уживаа во просторна кабина како во лимузините од високата класа. За разлика од нив, R16 можеше да се користи и за превоз на товар, благодарение на приспособливиот ентериер, но и на лесниот пристап преку задниот капак. Моделот се произведуваше дури до јануари 1980 година, кога продукцијата заврши со вкупно 1,8 милион примероци.

Peugeot 504 беше единствениот комплетно нов автомобил во легендарното трио

Вистинскиот новитет во француското трио го носеше знакот на Peugeot. Пред половина век доживеа премиера Peugeot 504, со когошто француската марка заигра во повисоката лига. Лимузината којашто има една од најпрепознатливите силуети во автомобилската историја, беше долга колку модел од средна класа, но со меѓускиното растојание од 2,74 метри можеше да понуди простор колку S-Class. Со должина од 4,49 метри, Peugeot 504 беше значително покус од тогашниот Audi 100 или од BMW 2000. Легендарен беше комфорот на предните седишта, коишто беа тапацирани исто толку дебело колку домашен двосед.

Peugeot 504 со дебело тапацираната „софа“ се продаваше речиси четири децении

francusko trio 50 godini 6

Не недостигаа ниту технички деликатеси, од типот на независно водење на сите тркала и диск-сопирачки на сите тркала. Во почетокот, големиот Peugeot имаше на располагање само мотори со скромни 83 КС. Тој проблем се реши набрзо, откако почна да се вградува дволитарецот со механичко впрскување на горивото и 104 КС. Брзината порасна на 170 километри на час, што пред половина век беше повеќе од солидно. Овој ненадминат модел на Французите се произведе во 3,7 милиони примероци, по дури 37 години откако првиот примерок се симна од производствените ленти.

Поголема слава од Peugeot 504 доживеаја само Peugeot 504 Coupe и Cabriolet. Поради издржливоста, познавачите го нарекоа крал на лавовската марка. Тоа е веќе посебна приказна.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

francusko trio 50 godini 10

Нивото на комфор што Citroen DS го постигнуваше со хидропневматската амортизација, во комбинација со меѓуоскиното растојание од преку три метри, можеше да го достигне само четирипати поскапиот Mercedes 600

[/tie_slide]

[tie_slide]

francusko trio 50 godini 9

DS на француски се изговара слично на deesse, односно „божица“. Легендарниот модел на Citroen на тукашните простори е повеќе познат како жаба или ајкула

[/tie_slide]

[tie_slide]

francusko trio 50 godini 8

Светот првпат ја виде оваа необична каросериска форма во 1955 година. За десетте денови на салонот во Париз, Citroen доби над 80.000 нарачки за сензационалниот модел

[/tie_slide]

[tie_slide]

francusko trio 50 godini 7

По лимузината се појавија и 504 Coupe и Cabriolet, со дизајн од Серџо Пининфарина

[/tie_slide]

[tie_slide]

francusko trio 50 godini 4

Така Renault ја прикажуваше приспособливоста на кабината пред половина век

[/tie_slide]

[tie_slide]

francusko trio 50 godini 3

Кружни инструменти во кокпитот место вообичаениот брзиномер со лента во тоа време

[/tie_slide]

[tie_slide]

francusko trio 50 godini 1

Французите долго време ја практикуваа комбилимузинската форма во средната класа

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Половина век на револуционерниот Renault 16

Citroen CX го одбележува 40-от роденден

Концептен автомобил за 40.000 евра, тркачки Citroen за 20.000 евра

Renault ги престигна Peugeot и Citroen во светската продажба

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новини од Мотоцентар: Овие гуми се „GT“ за терен

tesla model 3

Акциите на Tesla паѓаат и без првоаприлските шеги на Маск