за

Peugeot 301 ќе се произведува во Казахстан

Француската марка потпиша договор со AllurGroup за производство на автомобилите на Peugeot во Казахстан. Пазарот во оваа земја в година ќе достигне 200.000 продадени возила.

Пазарот на нови автомобили во Казахстан забележа голем раст во последните неколку години. Во следната година се очекува тамошниот пазар да достигне 200.000 продадени возила, што е трипати повеќе во споредба со 45-те илјади возила во 2011 година. Со локалното производство на своите модели, Peugeot очекува да ја зголеми профитабилноста во Казахстан и целиот регион на поранешните советски републики. Peugeot уште не открива дали овие примероци ќе се продаваат и во регионот на Јужна и Источна Европа.

Peugeot ќе ги монтира автомобилите од готови модули во фабриката Sarayka Auto Prom во Костанај, којашто е во сопственост на AllurGroup. Првиот модел што ќе излезе од монтажните хали ќе биде Peugeot 301, кој воедно е и најпродаван модел на француската марка во Казахстан. Во 2017 година, продукцијата треба да достигне 12.000 примероци, а планот е таа натаму да се подигне и до 17.000 возила годишно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Willys AW 380 Berlinetta: Додека се појави новиот Renault Alpine

Сензационална збирка олдтајмери откриена во плевна во Франција