125
22 shares, 125 points

По две варијанти на хибриден погон пристигаат во моделската понуда на Peugeot 3008 и Peugeot 508. Едната е Hybrid4 и вози со погон на сите тркала. И со 300 КС

Двете моделски семејства на коишто во моментов се помислува прво кога ќе се спомне Peugeot, по салонот во Париз ќе се спомнуваат уште повеќе. Peugeot 3008 и новиот Peugeot 508, заедно со комбито 508 SW, од вториот квартал во 2019 година ќе бидат достапни во две нови верзии: Hybrid и Hybrid4. Бројчената ознака кај втората варијанта, во познатиот „хибрид-манир“ на Peugeot означува погон на сите тркала.

Со системска моќност од 300 КС, верзиите Hybrid4 на „3008“ и „508“ се најсилните модели на Peugeot досега

Возачите на новите верзии со плагин-хибриден погон ќе имаат избор од четири режими за возење: Електричен, погон на сите тркала, спортски и хибриден. Верзијата Hybrid ќе располага со системска моќност од 225 КС, додека Hybrid4 продолжува до 300 КС и додава уште погон на сите тркала.

Peugeot 3008, 508, hybrid, hybrid4 9

Основата на погонската спрега во двата случаи ја сочинува 1,6-литарскиот бензинец PureTech, во комбинација со стартер-генератор. Неговата моќност изнесува 180 КС кај Hybrid, односно 200 КС кај Hybrid4. Посебна варијанта на осумстепен автоматски менувач e-EAT8 се вградува во двата хибриди.

Верзиите Hybrid4 дополнително поседуваат и мултилинк задна оска

На предната оска работи електромотор со 110 КС, кај Hybrid4 има уште еден електромотор со назад, исто така со 110 КС, но дополнително со инверторска функција. Уште една значајна разлика кај Hybrid4 е примената на мултилинк задна оска.

Peugeot 3008, 508, hybrid, hybrid4 16

Литиум-јон батеријата се наоѓа под задната клупа и располага со капацитет од 11,8 kWh кај Hybrid, односно13,2 kWh кај Hybrid4. Според новиот циклус WLTP, кој е поблиску до реалноста, со полна батерија може да се извозат до 50 километри. Поаѓањето секогаш е на струја, доколку има доволно енергија во батеријата. Крајната брзина при возење на струја изнесува 135 km/h, додека при комбиниран модус се постигнуваат 220 km/h. Забрзувањето до темпо сто изнесува 6,5 секунди, за меѓузабрзување од 80 до 120 km/he се потребни помалку од 5 секунди.

Peugeot 3008, 508, hybrid, hybrid4 7

Со полначот во возилото, полнењето на батеријата трае 7 часови, додека при користење на посебен полнач (6,6 kW, 32А), времето се скусува на 1 час и 45 минути.

Мобилната апликација MyPeugeot исто така е приспособена за хибридниот погон, со функција за далечинско вклучување на полнењето, следење на наполнетоста и активирање на климатизацијата, за во кабината да владее вистинската температура кога возачот и патниците ќе седнат во возилото.

Peugeot e-Legend прикажува висока мода на салонот во Париз

Автомобилите на Peugeot во 2020 година буквално ќе ги слушаат наредбите од возачот

Peugeot 508 против Volkswagen Arteon на споредбен тест на Ауто Билд


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Хибридни модели во гамата на Peugeot 3008 и 508

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Уште претходниот Peugeot 3008 имаше изведба HYbrid4


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
22 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743