150
20 shares, 150 points

Вановите и сé што е блиску до ван масовно се трансформира во спортски теренец. Peugeot 3008 пред осум години им даде нова смисла на кросоверите, сега Peugeot му дава нова смисла на 3008.

Французите не можат да ја сокријат гордоста од новиот 3008. Марката со лавот го најавува 3008, отсега со додавка SUV, како најнапредно возило во историјата на Peugeot, прв модел со i-Cockpit Amplify, со најнапредна технологија со класата, полесен, попросторен, подинамичен и поштедлив од претходникот. Салонската премиера е најавена за септември, во Париз.

Со должина од 4,45 метри, Peugeot 3008 SUV ја задржува компактноста на претходникот, но нуди повеќе простор и во кабината и во багажникот. Во порастот од осум сантиметри во должина во одреден дел учествува и продолженото меѓуоскино растојание. Патниците на задната клупа добиваат 24 милиметри повеќе простор за колената, но и 36 милиметри повеќе простор за глава, иако со 1,62 метар, возилото е за 19 милиметри пониско од првата генерација на 3008. Ширината остана непроменета со 1,84 метар, патниците сепак добиваат и повеќе ширина во кабината. Багажникот исто така порасна од 430 на 520 литри, со максимални 1.580 литри.

Стотина килограми полесен благодарение на лесните материјали за каросеријата

Најзначајната бројка што говори за напредокот на новиот 3008 сепак е тежината, којашто е намалена за 100 килограми, со примена на лесна каросериска конструкција, односно челик со висока цврстина, под на багажникот и заден капак од термопластика, како и алуминиум за крилата, водилките на предните тркала и рамката на задните седишта. Модификациите во моторите овозможија и намалување на потребата од звучна изолација.

peugeot 3008 suv 00026

Главната иновација во кабината е во еволуцијата на i-Cockpit, сега и тој со додавка Amplify, чија што суштина се базира на ракување преку сензорски копчиња. Со нив се менува интензитетот на осветлувањето на кабината и на дисплеите во боја, се избира модулација на озвучувањето, се активира една од петте програми за масажа во седиштата, а се избира и аромата на парфемот во кабината. Со доплата е достапен и спортски пакет, со два модуса, Relax и Boost. Првиот модус влијае на работата на погонската спрега, подвозјето и амбиентот ориентиајќи се кон комфорно возење, додека вториот модус ги впрегнува динамичните потенцијали на 3008 SUV.

Спортскиот теренец 3008 ја наследи приспособливоста на кросоверот 3008

Приспособливиот под на багажникот го поседуваше и претходникот, со таа разлика што сега стојат на располагање две различни висини за негово поставување. Совозачкото седишта се соборува за превоз на долги предмети, а задниот капак се отвора сензорски, само со замавнување со стопалото под браникот.

Користењето паметен телефон и други преносни уреди функционира преку MirrorScreen – компатибилен со Android и Apple Carplay, индуктивно полнење и навигација со тридимензионален приказ на просторот, односно на околните објекти и знаменитости. Патни информации пристигаат преку TomTom Traffic, вклучувајќи и опција за претплата на сервисот и добивање информации преку мрежата, за опасност на патот. Гласовните команди се подржани преку Android S-Voice и Apple Siri.

Кросоверот прераснат во спортски теренец за првпат доаѓа стандардно со озвучување од францускиот специјалист Focal, со 10 звучници со висок квалитет на звук, вклучувајќи и сабфувер од 200 милиметри со троен калем, засилувач со 12 канали и моќност од 515 вати. Паралелно со лансирањето на 3008 SUV, Французите нудат и преклоплив скутер e-Kick и преклоплив електричен велосипед e-Bike, како новитети во програмата на Peugeot. Соодветно на тоа, во 3008 SUV се наоѓаат полначи за батериите на елеитричниот скутер, односно велосипед, додека истите се наоѓаат во багажникот.

Изобилство од системи за асистенција уште во стандардното ниво на опрема

Присуството на системи за асистенција веќе се подразбира со секој нов модел на пазарот, па и 3008 SUV доаѓа со предупредување и самостојно сопирање при опасност од судир, активен систем за следење лента, предупредување при замор на возачот, автоматско долго светло и камера за сообраќајни знаци, како стандард во сите нивоа на опрема. Со доплата се нудат и приспособлив радарски темпомат со самостојно запирање и поаѓање во колона, следење на мртвите агли на каросеријата, автоматско паркирање, како и предна и задна камера со приказ од 180 степени.

peugeot 3008 suv 00017

Понудата од погонски единици ја сочинуваат четири бензинци – 1.2L PureTech 130 S&S со мануелен или автоматски менувач, 1.6L THP 165 S&S со 6-степен автоматик, како и пет дизели – 1.6L BlueHDi 100 S&S  со 5-степен мануелен менувач, 1.6L BlueHDi 120 S&S  со 6-степен мануелен или автоматски менувач, 2.0L BlueHDi 150 S&S  со 6-степен мануелен менувач и 2.0L BlueHDi 180 S&S  со автоматски менувач со шест степени.

Peugeot официјално ќе го претстави новиот спортски теренец со старото име 3008 на салонот во Париз, во септември. Целите и нивоата на опрема уште не се објавени, исто како и погонските конфигурации. За последново, Peugeot веројатно ќе се повика единствено на еволуцијата на интелигентната контрола на тракција GripControl од претходникот, во (полу)замена за погон на сите тркала. Нарачките би требало да стартуваат наесен, додека стартот на испораката ќе следува уште пред завршетокот на годинава.

PEUGEOT 3008 SUV

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
20 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743