за

Peugeot 208 оди на комфор, појава и на струја

Peugeot 208 nov

Кај новата генерација на Peugeot 208 ќе беше истата приказна како досега: Поголеми дисплеи, системи за асистенција, поврзување со мобилен. Но, има една голема разлика, многу голема. Конкурентот на Polo ќе се нуди и во верзија со погон на струја

Новиот Peugeot 208 ќе стартува со продажба наесен, во верзии со погон на бензин, на дизел … и на струја. Сцената не помни дека модел од оваа класа, таков што е значаен за пазарот, досега бил понуден и во верзија со електричен погон веднаш од старт. Значи, нешто сосем различно.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во дизајнот се препознаваагт цртите на Peugeot 508. Моделот што е еден од „најголемите“ во историјата на француската марка пристига и со нова генерација на i-Cockpit, со тридимензионален ефект. Има и многу системи за асистенција и можности за поврзување, како што денес е ред со секоја премиера.

Сите нови модели по Peugeot 208 ќе се нудат и во електрична верзија

Основа е платформата CMP на групацијата PSA, во која уште од старт се предвидени изведби со електричен погон. Новата платформа е за 30 килограми полесна од претходната F1. Новитет во подрачјето на аеродинамиката во оваа класа се електрично задвижуваните ламели во предната маска.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот Peugeot 208 е седум сантиметри подолг и четири сантиметри понизок од претходникот. Впечатлив детал во изгледот се арките на крилата во сјајна црна боја кај нивоата GT и GT Line. Трите канџи и вертикалните диодни светла се во стил на Peugeot 508 и резевирани се само за најскапите нивоа на опрема. Во чест на традицијата, моделската бројка е поставена на хаубата.

Во најлуксузната изведба следуваат два дисплеи со пречник од по 25,4 сантиметри

Електричниот модел Peugeot e-208 се разликува по тоа што маската е лакирана во бојата на карсоеријата, а „лавот“ ја менува бојата зависно од аголот на гледање. Не отсуствуваат натписи Peugeot e-208 поставени „стратешки“ на опашот и над задните крила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во најскапите изведби ќе се вградува новиот i-Cockpit со тридимензионален ефект во дигиталната табла со пречник до 25,4 сантиметри. Со доплата ќе се нуди и осумстепен автоматски менувач. Во средината на кокпитот, сосем вообичаено, тронува издвоен дисплеј, кој во најлуксузната варијанта исто така има пречник од 25,4 инчи. Под него се класичните „клавирски“ копчиња. Индуктивно полнење телефон не е туѓо за новиот Peugeot 208, секако, достапно со доплата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За поголемите европски пазари, Peugeot 208 ќе биде достапен во нивоата Like, Active, Allure, GT Line и GT. Корисна ставка од системите за асистенција е радарскиот темпомат со самостојно запирање и поаѓање, но за тоа е потребно да се избере и варијанта со автоматски менувач. Темпоматот може да врши и мали корекции на правец, следејќи ја лентата.

Електричен Peugeot e-208 со досег од 350 километри

Сензацијата секако е во електричната верзија. Погонот е задача на електромотор со 100 киловати, односно 136 КС, со вртежен момент од 260 њутнметри. Погонот може да работи во три режими – штедлив, нормален и спортски. Во последниов режим, спринтот до темпо сто трае само 8,1 секунди. Возачот може преку воланот да го избира и степенот на „моторно“ сопирање – при поинтензивно сопирање се случува и поголемо полнење на батеријата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со капацитет од 50 киловатчасови, Peugeot e-208 располага со 10 kWh повеќе од шампионот Nissan Leaf. Тоа му овозможува и досег до 340 километри, според новата и пореална норма WLTP. Гаранцијата за батеријата изнесува 8 години или 160.000 километри. Самата батерија е вградена во подот, така што не се одзема простор од багажникот. Со 270 литри, e-208 има багажник исто колку обичните верзии.

На супербрз (и супер-редок) почнач со 110 киловати, полнењето до 80% трае половина час

На обичен приклучок за струја, полнењето трае 16,5 часа. Тоа се скусува на 5 часа и 15 минути со приклучување на трифазен полнач (11 kW) или осум часови на еднофазен полнач (7,4 kW). Во случај на користење брз полнач (100 kW), наполнетост од 80 проценти се постигнува за само половина час.

Премиерата е на салонот во Женева, кој почнува на 7-ми март. Продажбата на Peugeot 208 започнува наесен – уште од старт и во електричната верзија e-208.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Peugeot стартува производство на мотори во Полска

Петстотини електрични Peugeot за жителите на Париз

VW европски бр. 1 до октомври, Peugeot напредувал најмногу

Кој е тој славен Peugeot 504 Coupe за кого зборува цел Париз?

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

бесплатен јавен превоз прага аларм загаденост

Прага воведува бесплатен градски превоз при загаденост на воздухот

Volvo XC90 FL

Освежување за Volvo XC90 и подостапна хибридна изведба