за

Може ли Peugeot 2008 да го преземе водството од Renault Captur?

Renault Captur
Renault Captur

Renault меѓу првите се придружи на бранот на кросовери и СУВ модели. Францускиот производител не случајно се води како „Créateur d’automobiles“ и го оправдува тоа со храбрите отстапки од унифицираното. Оригиналните Espace и Avantime се само некои од нив. Токму тој темперамент и моќта за иновативност доведоа до тоа, Captur долги години да биде меѓу најпродаваните модели на европскиот пазар. Сега настапува втората генерација на овој кросовер, по чијшто стапки сака да тргне и новиот Peugeot 2008, наследник на моделот чиешто присуство досега не беше забележано особено.

Renault Captur е релативно свеж модел во понудата на Французите, во споредба со моделите со многу подолга традиција, како Clio, Megane или Scenic, но прерасна во еден од најважните во нивната гама. Од претходникот што имаше деби во 2013 година, се продадоа околу 1,2 милион примероци. Од минатата есен, на пазарот е новата генерација, што беше претставена кусо по премиерата на исто така новиот Clio, инаку технички донатор за кросоверот.

Новата платформа му донесе и нови димензии на Captur. Со 4,23 метри, тој е за единаесет сантиметри подолг од претходникот. Порасна и ширината за два сантиметри, која сега изнесува 1,78 метар. Во висина практично нема разлика, но затоа има плус два сантиметри во меѓуоскиното растојание (2,63 метар). Зафатнината на багажникот одушевува и натаму, дури и повеќе од претходно. Под задниот капак стојат на располагање 536 литри, или за 81 литри повеќе (422 литри според нормата VDA).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Додека надворешноста мошне верно го следи стилот на претходникот, внатре има сосем различна приказна. Основата на кокпитот е преземена од новиот Clio, заедно со меките материјали и со бројните можности да се стави личен печат. Во повисоките нивоа на опрема, на местото на класичните инструменти кај основното ниво Life, се наоѓа дисплеј со пречник од 7 или 10,2 инчи.

Renault има мошне вредно искуство од вановите, како да се постигне поголема практичност и пријатна средина

Темата на конективност беше добро сработена во Renault уште во претходната генерација и нормално е дека се сега се преоѓа на следното ниво. Место R-Link, во францускиот кросовер се вградува нов систем EasyLink, развиен заедно со Bosch, Google и TomTom. Поддршката за Apple Carplay и Android Auto се подразбира. Мултимедискиот систем е дел од сериската опрема веќе од второто ниво Zen, заедно со средишен дисплеј од 7 инчи. Во топ-нивоата, дисплејот „расте“ на 9,3 инчи и поставен е вертикално, слично како Tesla и Volvo.

Кокпитот во Renault Captur во врвната изведба Initiale Paris
New photo by Automedia MK / Google Photos
Кокпитот на Peugeot e-2008, електричната изведба со цена од најмалку 35.360 евра
New photo by Automedia MK / Google Photos

Вообичаено за Renault и имајќи го предвид кругот на купувачи, за каросеријата може да се избира меѓу дури единаесет бои. На тоа може да се додаде и комбинација со контрастна боја во однос на каросеријата – со портокалова, сива или бела боја на украсните лајсни во предниот и во задниот браник, како и за страничните лајсни. Вкупно стојат на располагање веројатно стотина можни комбинации од бои и детали.

Исто како што повторно се разгорува класичниот француски двобој меѓу Renault Clio и Peugeot 208, со приближно истовремено влегување на двата модели во своите нови генерации, така има жестоко соочување и меѓу новите Renault Captur и Peugeot 2008. Кој е во предност?

Четири цилиндри и германски инженеринг во моторот на Renault, еден цилиндар помалку во моторот на Peugeot

За соочување ја избравме моделската изведба на Renault Captur со 1,33-литарски турбо-бензинец со 130 КС, во комбинација со мануелен менувач со 6 степени и ниво на опрема Intense. Редовната цена на оваа моделска изведба во Аутомотив Груп изнесува 20.490 евра. Тоа е мошне пристојна цена, доколку се земе предвид дека станува збор за просторен и практичен кросовер, со моќен мотор и со богата опрема што е само едно скалило под топ-нивото Edition One.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Противникот од Peugeot ја носи ознаката 2008 1.2 PureTech Allure и чини 21.290 евра, односно точно 800 евра повеќе од Renault. Тој има 1,2-литарски бензинец, исто така со турбонатполнење и директно впрскување, но и покус е за еден цилиндар. Peugeot ги извлекува своите 130 КС од само три цилиндри.

Првото прашање покрај разликата од 800 евра, колку што Peugeot бара повеќе за својот кросовер, е дали можеби 2008 има повеќе опрема или можеби нуди нешто друго повеќе? Ние избравме споредливи нивоа на опрема кај двата модели, кои вобичаено би требало да се разликуваат во неколку помали ставки. Следната табела јасно ќе покаже, кој е во предност во споредбата на опременоста, Renault или Peugeot?

Споредба на опременоста меѓу Peugeot 2008 и Renault Captur

(во споредливите нивоа на опрема Allure и Intens)

 
Peugeot 2008 1.2 PureTech Allure
Цена: 21.290 евра
Renault Captur TCe 130 Intens
Цена: 20.490 евра
Воздушни перници, број 6 6
ЛЕД предни светла, со автоматско вклучување ДА ДА
Автоматско вклучување / исклучување на долго светло НЕМА, САМО ВО ПАКЕТ ДА
Самостојно запирање при опасност од судир, со препознавање пешаци + 320 евра ДА
Предупредување при напуштање лента ДА ДА
Темпомат ДА ДА
Паркинг-сензори назад ДА ДА
Камера за знаци ДА ДА
Сет за поправка на гума ДА ДА
Волан со команди за радио, кожен ДА ДА
Задни светла, ЛЕД ДА ДА
Лизгање на задна клупа по должина НЕМА ДА
Клима уред, автоматски ДА ДА
Електрика на сите прозорци ДА ДА
Електрика на ретровизори, грејачи ДА ДА
Мултимедија Блутут, дисплеј 7”, 4 + 2 звучници, 4 USB, Mirror Screen MP3, блутут, дисплеј 7″, AUX, USB, WIFI, DAB, Android Auto, Apple CarPlay
Сензор за бришачи ДА ДА
Пристап без клуч + 400 евра ДА (Renault Card)
Електрична паркирна сопирачка ДА ДА
Задна камера за паркирање ДА + 500 евра (заедно со паркинг сензори напред)
Еко-модус ДА ДА
Алу-бандажи ДА (17“) ДА (17“)
Кровни носачи црни ДА + 350 евра
Дигитални инструменти ДА ДА
Самозатемнувачки ретровизор ДА ДА
Седишта вештачка кожа / платно ДА ДА
Совозачко седиште, висинско местење ДА ДА
Старт без клуч ДА ДА
Собирање ретровизори ДА ДА
Потпирач за рака напред ДА ДА
Две висини на багажен под ДА ДА
Диодни светла во кабина НЕМА ДА
Магленки напред + 200 евра ДА
Затемнети задни стакла + 150 евра ДА

Оваа детална споредба на опременоста открива дека Renault, покрај тоа што е „поевтин“ за 800 евра, поседува и повеќе ставки на опрема, за кои купувачите на Peugeot треба да доплатат дополнително. За систем за самостојно запирање при опасност од судир, со препознавање пешак, кој е стандард кај Captur, треба да се доплати 320 евра кај 2008.

Разликата во цената реално е многу поголема од 800 евра, кога ќе се земат предвид ставките што недостигаат во Peugeot

Понатаму, пристапот без клуч, односно фамозната Renault-картичка, нуди комоција при секое влегување и заминување од Captur. За тоа треба да се доплатат уште 400 евра кај Peugeot. Тој е кусок и за предните магленки, како и за дополнително затемнетите задни светла. Додека тоа е стандард во нивото Intens на Captur, во споредливото ниво Allure кај 2008 уште бара доплата од 200 евра, односно 150 евра.

Вкупно, кога ќе се соберат сите овие ставки од опремата што недостигаат и ќе се додадат на разликата во цената од 800 евра во корист на Renault, излегува дека реалната разлика меѓу двата модели изнесува 1.870 евра. Во сегментот на цени во којшто припаѓаат двата модели, тоа е премногу, тука веќе станува збор за разлика од десет проценти.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Единственото што Renault не го вклучува како стандард во нивото Intens, за разлика од Peugeot 2008 и неговото ниво Allure, тоа се кровните шини (+350 евра) и задната камера (+500 евра, но таа доаѓа заедно со паркинг сензори напред, за кои пак треба да се доплати 240 евра кај Peugeot). Нo, Captur понатаму поседува и автоматско вклучување и исклучување на долго светло, за што кај 2008 мора да се избере посебен пакет, со што разликата во цената само ќе продолжи да се зголемува. Renault е во плус и во поглед на функционалноста – задната клупа лизга 16 сантиметри по должина, плус кабината е изведена со диодно осветлување.

Поглавјето на опременоста и противвредноста, недвојбено му припаѓа на Renault Captur. Можеби Peugeot 2008 ќе надомести со погонот? Со трицилиндарскиот PureTech, наспроти TCe 130 на Captur (кој воедно е развиван заеднички со Mercedes, заради скусување на трошоците и поголемо инвестирање во електромобилноста), мали се шансите дека тоа ќе му успее на кросоверот на Peugeot.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ · PEUGEOT 2008, RENAULT CAPTUR

 
Peugeot 2008 1.2 PureTech Allure
Renault Captur TCe 130 Intens
МОТОР И ПОГОН
   
Цилиндри 3 4
Натполнење Турбо Турбо
Зафатнина 1199 ccm 1333 ccm
Моќност 96 kW (131 КС) /5500-1 96 kW (130 КС) /5000-1
Вртежен момент 230 Nm / 1750-1 240 Nm / 1600-1
Погон Напред Напред
Менувач Мануелен Мануелен
Број на степени 6 6
Старт/Стоп Да Да
     
ДИМЕНЗИИ И ТЕЖИНИ
   
Должина 4300 mm 4227 mm
Ширина 1770 mm 1797 mm
Висина 1530 mm 1576 mm
Меѓуоскино растојание 2605 mm 2639 mm
Багажник, стандард (VDA) 405 L 422 L
Багажник, соборена клупа 1467 L 1275 L
Празно возило 1267 kg 1309 kg
Носивост 448 kg 466 kg
Товар врз покрив 70 kg 80 kg
Дозволен товар врз кука 48 kg 75 kg
     
ПЕРФОРМАНСИ
   
0-100 km/h 9,1 s 10,6 s
Крајна брзина 198 km/h 195 km/h
Потрошувачка, град 5,8 l/100 km 7,0 l/100 km
Потрошувачка, пат 4,2 l/100 km 4,9 l/100 km
Потрошувачка, просек 4,8 l/100 km 5,0 l/100 km
СО2 109 g/km 123 g/km
Резервоар 44 L 48 L

Техничките податоци даваат само потврда дека Renault со своите 4 цилиндри секогаш вози порелаксирано отколку трицилиндарскиот Peugeot. Captur ја постигнува максималната моќност на дури 500 вртежи помалку од 2008, а истото важи и за максималниот вртежен момент. Renault располага со 10 њутнметри повеќе, кои ги постигнува на 150 вртежи во минута порано. Генерално, Peugeot цело време ќе биде „понапнат“. Податоците за перформансите што ги пријавуваат производителите говорат за предност на 2008 во забрзувањето и во крајната брзина, но тие вредности ретко се совпаѓаат со реалноста. Тоа важи уште повеќе за потрошувачката на гориво.

Реалноста, пак, ние се потрудивме да ја доловиме преку оваа споредба, којашто открива многу повеќе околу понудата и конкурентноста на Renault Captur и Peugeot 2008. Тоа е многу повеќе од реалноста што сакаат да ја прикажат билбордите и другите видови реклама. Се покажа и дека разликата од 800 евра, којашто постои навидум меѓу двата модели, исто така може да биде многу поголема и да достигне десетина проценти од вредноста на возилото. Затоа, секогаш е добро да се потроши повеќе време и добро да се разгледаат понудите.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Volkswagen вложува 450 мио. € во фабрика за батерии

Илон ќе го пресели седиштето на Tesla, властите го попречувале

Илон ќе го пресели седиштето на Tesla, властите го попречувале