за

Peugeot ќе ги произведува 3008 и 508 во Кенија

Групацијата PSA и компанијата Urysia потпишаа договор за монтажа на возила на Peugeot во Кенија. Монтажата ќе стартува веќе во јуни годинава, со годишен капацитет од преку 1.000 возила, со коишто ќе се покријат потребите на кенискиот пазар на автомобили.

Церемонијата на потпишување на договорот се одржа во претседателската резиденција во Најроби, во присуство на претседателот Ухуру Кенјата и на францускиот министер за економија и финансии Мишел Сапен.

Компанијата Urysia е увозник и дистрибутер за возилата од марката Peugeot во Кенија од 2010 година. Во африканската земја прво ќе стартува монтажата на моделот од средната класа Peugeot 508, за набрзо потоа да следи и новиот компактен кросовер Peugeot 3008 SUV.

Договорот е дел од стратегијата за глобално проширување на марките од групацијата PSA. По овој повод, претедателот Ухуру Кенјата изјави: „Автомобилите на Peugeot отсекогаш биле прочуени по трајноста и издржливоста. Горди сме да им посакаме повторно добредојде“. Француската марка вршеше завршна монтажа во Кенија во периодот меѓу 1974 и 2002 година.

Групацијата PSA планира да ја зголеми продажбата во Африка и Средниот Исток, со цел да достигне еден милион возила до 2025 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уште два модела во „Платинестата серија“ на Porsche Cayenne

Електричниот Ford Focus отсега со поголем досег и побрзо полнење